Германија бара работници: Слободни 1,24 милион работни места

Германија бара работници: Слободни 1,24 милион работни места
Во Германија во третиот квартал од оваа година е забележан рекорден недостиг на работна сила, со 1,24 милион слободни работни места, наведува Институтот ИАБ за истражување на пазарот на трудот.

„Во споредба со истиот период претходната година, бројот на слободни работни места е зголемен за 140.000“, се вели во соопштението на Институтот, кој работи во соработка со Федералната агенција за вработување во Нирнберг.

„Најголемо зголемување на побарувачката е забележано во преработувачката индустрија, но побарувачката во услужни дејности со повеќе од 600.000 работни места е сѐ уште највисока“, рече Александар Кубиш од ИАБ.

Во градежната индустрија се отворени 108.000 работни места и 87.000 во логистичкиот сектор (транспорт и магацини).

Најголем број отворени позиции се за работници со висока и средна стручна спрема (60,8%), потоа за лица без квалификации (22%) и конечно за лица со високо образование (17%).

Германскиот пазар на трудот повеќе години е погоден од недостиг на работна сила.

Споделување со вашите пријатели: