МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија

МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија
Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Австрија има повредено и македонски државјани. Две лица со потешки и осум со полесни повреди се здобиле по судир на македонски автобус, во кој се превезувале 18 патници и камион. Тешко повредените не се во животна опасност, велат од МНР.

Несреќата се случи околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.

Споделување со вашите пријатели: