Приведен Јанко Бачев за закани на Фејсбук

Приведен Јанко Бачев за закани на Фејсбук
Претседателот на партијата „Единствена Македонија“ , Јанко Бачев попладнево е приведен во полициска станица. Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев бил повикан на разговор во полиција поради закани на социјалните мрежи.

На официјалната страница на партија „Единствена Македонија“ пишува дека Бачев бил приведен додека одел во партискиот штаб пред одржување на редовниот состанок на „Македонија#блокира“.

Од МВР велат дека ќе излезат со информации по завршување на истрагата која ја води Одделот за компјутерски криминал.

Споделување со вашите пријатели: