(ВИДЕО) Отворен првиот KFC ресторан во Македонија

(ВИДЕО) Отворен првиот KFC ресторан во Македонија
Во Скопје денеска е отворен првиот ресторан на американскиот бренд Kentucky Fried Chicken (KFC).

Станува збор за ресторан за брза храна, кој се наоѓа во трговскиот центар „Сити мол“. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра и предвидено е да се отворат 400 нови работни места.

На отворањето присуствуваше премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли и и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богов.

- Како општина Карпош сакам да истакнам дека негуваме партнерски однос со сите бизниси на наша територија. Во нас, како локална смаоуправа, менаџментот на KFC може да гледа вистински поддржувач и партнер, рече градоначалникот Богов.

KFC како бренд е застапен во 123 држави во светот.

Споделување со вашите пријатели: