ЕУ воведува ист полнач за мобилните телефони

ЕУ воведува ист полнач за мобилните телефони
Белгија- ЕУ ја разгледува можноста за воведување на ист полнач за мобилните телефони речиси една деценија, откако е забележано дека во Европската унија постои 51.000 тони електричен отпад кој потекнува од старите полначи.

Исто така, корисниците на „iPhone“ и „Android“ уредите често се жалат поради тоа што користат различни полначи, пишува „Euractiv“.

Како одговор на притисоците врз ЕУ, 14 компании, вклучувајќи ги „Apple“, „Samsung“, „Nokiа“ и „Huawei“, потпишаа доброволен Меморандум за разбирање (MoU) во 2009 година, со желба да ги хармонизираат своите модели на паметни телефони, кои требаше да се појават на пазарот во 2011 година.

Откако „MoU“ истече во 2012-та година, одредени компании пишуваа писма за своите намери во 2013-та и 2014-та година. Сепак од ЕУ велат дека не се задоволни од статусот кво.

„Со оглед на незадоволнителниот напредок во овој доброволен договор, Комисијата наскоро ќе започне студија за проценување на влијанието со цел да се проценат трошоците и придобивките до различните други опции“, вели комесарката за зашита од конкуренција, Маргарет Вастергер во одговорот од 1 август на прашањето од пратениците од Европскиот парламент.

Споделување со вашите пријатели: