ДИК ќе нема време да го подготви референдумот

ДИК ќе нема време да го подготви референдумот
Изборот на новиот состав на ДИК не треба да зависи од никакви други пакети и други закони, вели министерката за правда Рената Дескоска.

На новинарско прашање, на трибина за финансирање на политички партии, организирана од НДИ, таа рече дека изборот на ДИК е приоритет моментно и дека не треба да се условува со амнестии или други закони, како тие за влада или за финансирање на партиите.

Ако се одочговлече изборот, според Дескоска, новиот состав на ДИК може да се случи да влезе неподготвен во спроведување на референдумот за договорот со Грција.

Министерката рече дека не е дел од преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и дека затоа не може да каже кои се барањата на опозицијата во однос на финансирањето на партиите.

Артан Груби од ДУИ посочи дека се потребни измени во делот на финансирањето на партиите за тоа да биде главно од буџетот, ама нагласи дека ДИК треба да се избере што поскоро и да не се поврзува со носење други закони.

А.М.М.

Споделување со вашите пријатели: