(ВИДЕО) Македонската делегација се подготвува за прослава

(ВИДЕО) Македонската делегација се подготвува за прослава
На почетокот на НАТО Самитот во Брисел македонската делегација го оцени овој ден како историски за нашата држава.

- Овој ден го очекувавме сите. И мојата генерација и генерациите пред мене. Овде затвораме едно поглавје од државниот развој на Република Македонија и почнуваме ново - рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Националниот координатор за подготовка на Македонија за влез во НАТО, Стево Пендаровски,рече дека во денешниот ден добиваме покана за почнување на пристапните преговори.

- Ќе има две сесии, грубо кажано. За политички и технички прашања како и со секоја друга земја аспирант во минатото. Она што е специфично за Македонија и што е наша домашна задача е да го имплементираме до крај Договорот со Грција - рече Пендаровски.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека денеска сите ја искористија можноста да и честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум нè награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО.

- Се покажа дека шансата за членство функционира, дека отворената врата е навистина отворена и дека ако знаете што саката и треба да направите, може да успеете - рече Шекеринска.

Споделување со вашите пријатели: