Што пишува во заклучокот за Македонија?

Што пишува во заклучокот за Македонија?
Слободанка Јовановска

наш известувач од Брисел

Поканата за Македонија да почне пристапни преговори за прием во НАТО ќе биде усвоена за два часа овде во НАТО. Сепак, „Независен весник“ дојде до нацрт-документот со заклучокот за Македонија, кој треба да биде официјлизиран наскоро. Внатре стои:

„Ние го поздравуваме историскиот договор меѓу Атина и Скопје за решавање на прашањето на името. Во согласност со нашата политика, ние одлучивме да ја поканиме владата во Скопје да ги почне пристапните преговори за приклучување кон алијансата. Целосна имплементација на сите внатрешни процедури со почитување на договорот за решавање на името е услов за успешно завршување на пристапниот процес“.

НАТО го пофалува и договорот за пријателство со Бугарија и ги поздравува напорите на новата влада во изминатава година за важниот прогрес што е постигнат во многу ургентни реформи. НАТО исто забележува и на континуираните напори за изградба на мултиетничко општество во согласност со Охридскиот договор.

„Ние ги повикуваме сите политички лидери во земјата да играат конструктивана улога во овие процеси и во брза имплементација на договорот за решавање на името“, порачуваат од НАТО.

Според информациите овде во НАТО заклучокот ќе биде со мала измена околу името на земјата, поради збунетоста во НАТО како да ни се обратат, бидејќи треба да влеземе под името Република Северна Македонија, при што најверојатно, според висок извор од НАТО, ќе стои Поранешна Југословенска Република Македонија.

Споделување со вашите пријатели: