Лондон: На годишнината од пожарот во Гренфел кула уште една зграда гори во пламен

Лондон: На годишнината од пожарот во Гренфел кула уште една зграда гори во пламен
Во 20-катна зграда во јужниот дел на Лондон денеска изби пожар, при што се евакуирани 180 лица.

Пожарот избил околу 4 часот утрово на тераса на 13 кат и многу брзо е ставен под контрола, пишува британски „Телеграф“.

Според пожарникар, системот за гаснење на пожар, кој се активирал, спречил голема штета, а таа служба примила речиси 17.000 дојави за тој пожар.

Во гаснењето учествувале 60 пожарникари, а на лице место дошле полиција и брза помош.

Весникот пишува дека пожарот се случил на годишнината од трагедијата во Гренфел кула, кога во пожар настрадаа 71 лице.

Споделување со вашите пријатели: