Објавен Конкурс за нацрт-годишна програма за 2019-та за националните установи од културата

Објавен Конкурс за нацрт-годишна програма за 2019-та за националните установи од културата
Министерството за култура го објави Конкурсот за доставување нацрт-годишна програма за 2019 година за националните установи од областа на културата.

Министерството иинформира дека во согласност со член 70 од Законот за културата, националните установи во јуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.

Во нацрт-годишната програма се содржани средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности. Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

- Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат. Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци - без приложени документи, соопшти Министерството за култура.

Споделување со вашите пријатели: