Нов веб портал за бизнис регулатива

Нов веб портал за бизнис регулатива
Веб порталот www.biznisregulativa.mk е нов агрегат на кој сите компании во земјава ќе може да се информираат за бизнис регулативата во Македонија и да го усогласат своето работење со законските прописи.

Според Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, бизнис регулативата понекогаш е комплексна и може да содржи нејаснотии што претставува проблем за компаниите.

„Овие комплексни регулативи предизвикуваат големи трошоци и ги ограничуваат македонските компании да бидат конкуретни на национално и на европско ниво. Очекуваме овој веб портал да обезбеди алатки за македонските компании за да може тие полесно да го усогласат своето работење со деловната регулатива и да може полесно да ги пласираат своите производи и да навлезат на пазарите на Европската унија“, изјави Гонзалез.

Во изминатиот период, преку соработка на сите четири комори во земјава идентификувани се 150 проблеми на бизнис заедницата од кои 35 се разработени како позициски документи, а се однесуваат на даночната политика, царинското работење, работните односи, градежништвото, земјоделството, туризмот, управувањето со отпад и јавните набавки.

 

Споделување со вашите пријатели: