Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието
Судот ги изрече првите затворски казни за нападот во Собранието што се случи на 27 април минатата година во Собрание.

Стојан Павлески е осуден на три години затворска каза, а Цејо Ѓоргиевски е осуден на една година и два месеца затвор за кривичното дело насилство, односно за насилничкото однесување кон пратениците во Собранието.

Претседателката на Судечкиот совет Славица Андреевска рече дека разликата во висината на казните е поради тоа што Павлески е првиот што влегол во Собранието и се насочил кон пратениците.

Павлевски по изрекувањето на пресудите пред Судот рече дека не очекувал толку висока казна и најави дека ќе ја обжали одлуката до повисокиот суд.

„Јас му го спасив животот на Села, а сега за тоа сум осуден“, изјави Павлески.

Со последната снимка што обвинителството ја приложи како доказ беше утврдено дека овие двајца обвинети на кои им се судеше за напад врз пратеникот Зијадин Села, не учествувале во нападот на Села, но сепак влегле во Собранието и се однесувале насилно.

На останатите седуммина обвинети ќе им се суди за нападот врз Села кој беше претепан во Собранието и едвај го преживеа нападот.

Споделување со вашите пријатели: