Самарас: Договорот е непотребен и понижувачки компромис

Самарас: Договорот е непотребен и понижувачки компромис
Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција.

- Не му го дадоа само името на Скопје, ги дадоа и националноста и идентитетот и јазикот на Македонија. Меѓународно го слабее грчкиот карактер на Македонија. Создавајќи повеќе жаришта за конфликти во иднина. И поткопувајќи ја стабилноста на целиот регион. Може СИРИЗА и Независни Грци со лаги ги добија гласовите од грчкиот народ. Но, да знаат дека Грците нема да прифатат да им ја украдат нивната душа, коментира Самарас преку социјалните мрежи.

Споделување со вашите пријатели: