Цената за закуп на плажа на Охридското Езеро од 90 денари за метар квадратен

Цената за закуп на плажа на Охридското Езеро од 90 денари за метар квадратен
Плажите во првата зона и во централното градско подрачје на Охридското Езеро ќе се издаваат на јавно наддавање со почетна цена од 90 денари за метар квадратен. Ова денеска на досегашните закупци им го соопшти градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, најавувајќи дека следните денови ќе биде објавен јавниот повик.

Според Стојаноски, постапката ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање, за закуп во времетраење од пет години. Тој појасни дека доколку некоја од понудените плажи не добие закупец во првиот обид, ќе биде објавен и втор и трет обид за издавање, а доколку нема заинтересиран закупец, плажата ќе остане како општо добро.

Што се однесува до плажите пред хотелите што се издаваат по пат на непосредна спогодба, градоначалникот Стојаноски информира дека до сопствениците на сместувачките капацитети ќе биде упатен уште еден повик да се пријават за потпишување спогодба за концесија, а во спротивно согласно легислативата и тие плажи ќе бидат објавени за јавно наддавање.

Споделување со вашите пријатели: