Меркел потврди: Направен е прогрес

Меркел потврди: Направен е прогрес

Германската канцеларка Ангела Меркел ја почна прес конференцијата со Македонија соопштувајќи дека е направен напредок на средбата на премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципас и Зоран Заев и дека двајцата ја информирале за тоа.

„Разговорите меѓу Македонија и Грција за името напредуваат добро. Направен е значителен напредок. Прашањето за името е важно за Македонија“, рече Меркел.

На прашањето дали Германија во јуни ке подржи почеток на преговори со Македонија и со Албанија Меркел рече дека двете земји секој ден напредуваат во исполнување на условите а особено напредува Македонија околу името. Таа соопшти дека сега немало одлуки за проширувањето и дека тоа прашање се остава за самитот во јуни.

Споделување со вашите пријатели: