ОКТА со повисоки приходи од продажба во првиот квартал

ОКТА со повисоки приходи од продажба во првиот квартал
ОКТА АД – Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година, со приходи од продажба во износ од 5.208 милиони денари, споредбено со 5.103 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат на повисоките интернационални цени на горивото.

Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон соодветно зацврстување како на домашниот така и на странскиот пазарен удел.

Прилагодената ЕБИДТА изнесува 50 милиони денари, во споредба со 93 милиони денари во првиот квартал од 2017 година, главно поради пониските маржи кои произлегоа од повисоките дисконти остварени како резултат на промените во структурата на  плаќање.

Загубата пред оданочување во првиот квартал од 2018 година изнесува 41 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 22 милиони денари за истиот период минатата година, поради веќе споменатите причини елаборирани претходно во текстот.

Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање.

Споделување со вашите пријатели: