Прв рапер во историјата: Кедрик Ламар освои Пулицерова награда за музика

Прв рапер во историјата: Кедрик Ламар освои Пулицерова награда за музика
САД- Раперот Кедрик Ламар освои Пулицерова награда за музика, и тоа е прв некласичен или џез уметник кој ја освоил таа награда. Паричната награда од 15 илјади долари ја освои за Греми наградуваниот албум „DAMN“ кој досега оствари платинеста продажба и освои 5 греми награди лани како најдобар рап-албум.

Наградата досега во музиката ја добиле Боб Дилан, Дјук Елингтон, Џорџ Гершвин, Џон Колтрејн, Ханк Вилијамс и Телониос Монк, ама досега ниту еден популарен пејач како Ламар.

Поп-ѕвездата со песните е постојано на листата на Топ 40 хитови. Досега има освоено 12 Греми награди.

Споделување со вашите пријатели: