Рома не го продава Алисон

Рома не го продава Алисон
Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека голманот Алисон Бекер нема да биде продаден во текот на летото без оглед на понудите за него кои ќе стигнат во клубот.

- Немаме намера да го продаваме Алисон, изјави кусо првиот човек на „римската волчица“.

За 25-годишниот Бразилец се заинтересирани Реал Мадрид и Ливерпул.

Се шпекулира дека Реал е подготвен да испрати понуда до Рома од 60 милиони долари. Ливерпул подготвува уште посериозно предлог, а голманот е на прво место на листата засилувања што ја прави менаџерот Јирген Клоп.

Споделување со вашите пријатели: