Јакимовски: Не им се плашам, чист сум како солза

Јакимовски: Не им се плашам, чист сум како солза
„Не им се плашам, чист сум како солза. Одговорно тврдам пред целата македонска јавност дека ниту 1 денар не е потрошен незаконски. Жалосно е што се злоупотребуваат институциите за да градоначалникот Богоев има алиби за своето неработење. Оваа заедничка игра на Богоев е доказ за неговата безидејност кој за време на работа игра плејстејшн со другарите. Уште два живота да има, нема да го постигне мојот успех. Очигледно дека на некои сум ноќна мора“, вели во изјава за „Независен весник“ ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Од неговиот наследник, тој денеска беше прозван дека незаконски трошел буџетски средства, ја градел општинската зграда без соодветен проект, со многу субјекти со кои Општината финансиски ги помагала, не склучувал никакви договори, носел одлуки без неопходните согласности од Советот на Општината...Впрочем, тоа го утврди Државниот завод за ревизија кој самоиницијативно ја „чешлаше“ Општината за периодот во 2016 година.

„Ќе повторам, не им се плашам, ниту пак очекувам обвиненија од Основното јавно обвинителство и од Управата за финансиска полиција“, додаде Јакимовски за „Независен“. (Д.Т.Д.)

Споделување со вашите пријатели: