Во Њујорк ќе се додели Пулицеровата награда

Во Њујорк ќе се додели Пулицеровата награда
Денеска во Њујорк ќе биде доделена Пулицеровата награда. Имињата на добитниците во категориите новинарство и уметност ќе бидат објавени денеска попладне, на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Пулицеровата награда ќе биде доделена за најголем придонес во новинарството во 2017 година во весниците, списанијата и сајтовите.

Наградата се доделува во 14 категории, од најдобро известување преку фотографија и критика, до коментар.

Во категоријата уметност, наградата се доделува во седум категории, вклучувајќи драма, фикција и музика.

Првпат наградата, во категоријата новинарство, е доделена во 1917 година.

Наградата ја воспостави Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по смртта 1911 година сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.

Споделување со вашите пријатели: