Десетици уапсени по насилните синдикални протести во Франција

Десетици уапсени по насилните синдикални протести во Франција
Француската полиција уапси 63 лица по вчерашните безредија во градовите Нант и Монтпелие, во кои беа повредени деветмина полицајци.

Протестите избија поради најавената реформа на пазарот на трудот, со која претседателот Емануел Макрон се обидува да ја подобри инвестициската клима во Франција. Синдикатите го обвинуваат Макрон за намалување на работничките права, и повикаа на штрајк во повеќе индустриски дејности.

Во Нант, протестите против реформите на Макрон се надоврзале на полицискиот обид да истера група диво вселени демонстранти од една зграда. Полицијата морала да употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите.

Споделување со вашите пријатели: