Ако Велика Британија ја забрани „Раша тудеј“, Русија ќе биде без британски медиум

Ако Велика Британија ја забрани „Раша тудеј“, Русија ќе биде без британски медиум
Ако Велика Британија ја забрани телевизијата „Раша тудеј“, ниту еден британски медиум нема да може да работи во Русија, предупреди денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Нејзината изјава уследи како одговор на предупредувањето на британското регулаторно тело за медиуми Офком дека на РТ може да и биде одземена дозволата за емитување во Обединетото кралство по нападот со нервен гас на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал.

Британската премиерка Тереза Меј ја обвини вчера Русија дека стои зад нападот, а Лондон и даде рок на Москва вечерва до полноќ да објасни како нервниот гас од руско производство стигнал во Англија или, во спротивно, ќе се соочи со контрамерки.

Споделување со вашите пријатели: