Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави

Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави
Водостојот на карловачкото подрачје и во Хрватска Костајница и понатаму расте, јавуваат хрватски медиуми.

Во Хрватска Костајница и во Јасеновац е прогласена вонредна состојба.

- Ситуацијата во Хрватска Костајница е драматична. Подземните води пробиле во зградата на судот од каде се испумпува вода, а лоша вест е и што во еден момент почнало да врне дожд, јави Н1.

Во Хрватска Костајница урнати се десетина куќи, а евакуирани се луѓе од уште десетина, јави ХРТ.

Водостојот на реката Уна надмина 450 сантиметри.

- За среќа, според првични информации во овој момент нема човечки жртви ниту сериозни повреди, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека на луѓето ќе им се обезбеди сместување и помош при обнова на куќите.

Тој додаде дека главни причини за одроните се големите количини снег што во изминатите денови паднале во Хрватска Костајница и со брзото топење е предизвикано големо лизгање на земјиште.

Споделување со вашите пријатели: