Трамп го смени Тилерсон, Помпео назначен за нов американски државен секретар

Трамп го смени Тилерсон, Помпео назначен за нов американски државен секретар
Американскиот претседател Доналд Трамп го смени американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. На неговото место е поставен Мајк Помпео, објави Трамп на Твитер.

„Мајк Помпео, досегашниот директорот на ЦИА, ќе биде новиот државен секретар и тој ќе направи фантастична работа“, рече Доналд Трамп на Твитер.

Американскиот претседател му се заблагодари на Тилерсон за неговиот претходен ангажман.

Медиумите во вторникот објавија дека Тилерсон одеднаш ја скратил својата посета на Африка за да се врати во Вашингтон поради некоја „итна работа“.

Споделување со вашите пријатели: