Диригентот Џејмс Левин доби отказ заради сексуално вознемирување

Диригентот Џејмс Левин доби отказ заради сексуално вознемирување
САД- Диригентот на Метрополитен опера во Њујорк, Џејмс Левин, еден од најпознатите фигури во класичната музика, доби отказ откако истрагата пронашла докази за сексуално вознемирување и злоставување.

- Истрагата покажа кредибилни докази дека господин Левин се впуштал во сексуално вознемирувачко однесување претходно и откако дошол во Метрополитен операта. Истрагата покажа и дека тој сексуално непристојно се однесувал кон ранливите уметнички во текот на неговата кариера. Поради тоа компанијата заклучи дека ќе биде несоодветно и невозможно да ја продолжи соработката со господин Левин, се посочува во соопштението на Метрополитен опера.

Левин за сега не е кривично обвинет.

Споделување со вашите пријатели: