(ВИДЕО) БМВ генијалци: Осум часа непрекинато дрифтање за нов Гинисов рекорд

(ВИДЕО) БМВ генијалци: Осум часа непрекинато дрифтање за нов Гинисов рекорд
Гинисовата книга на рекорди е полна со интересни достигнувања, а тоа што неодамна го направија данскиот возач Јохан Шварц, Американецот Мет Малинс и БМВ тимот е несекојдневен настан, барем што се однесува за љубителите на автомобили.

Познатиот произведувач на автомобили го повика Шварц за да го скрши рекордот во должина на дрифтање, кој претходно беше поставен од Германецот Хералд Милер.

За да ја постигне целта на Данецот му беше неопходно доливање бензин во својот автомобил, а за тоа беше ангажиран Малинс, кој морал паралелно да го прати во дрифтот.

Тимот покрај тоа што го скршија претходниот рекорд, поставија и нов – најдолг дрифт со две возила.

Споделување со вашите пријатели: