Панче Орцев - нов член на Регулаторната комисија за енергетика

Панче Орцев - нов член на Регулаторната комисија за енергетика
Панче Орцев, поранешен пратеник на СДСМ од Струмица е избран вчера за член на Регулаторната комисија за енергетика. Претходно, Собранието го разреши од РКЕ Дејан Бошковски, кој пред да дојде на оваа функција беше директор на ЕЛЕМ.

Поради истекување на мандатот, од РКЕ заминува и Елена Маркова Велинова, додека за Бошкоски како причина за разрешувањето е наведено неисполнување на условите од Законот за енергетика.

Според образложението на Владата, Бошковски не го исполнува условот најмалку една година пред назначувањето за член на регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска дејност, односно дејност - управување со води.

Споделување со вашите пријатели: