Црн петок во Македонија: Вистински попусти или рекламен трик?


Најпознатиот ден за шопинг во светот е  таканаречениот Црн петок (Black Friday). На овој ден, или последниот петок во ноември што годинава се паѓа на 24-ти, како и секоја година во Америка, но и во другите земји во светот  се случува голема купувачка хистерија. Во последните неколку години шопинг-манијата ги зафати и Скопје и Македонија. …

Црн петок во Македонија: Вистински попусти или рекламен трик? Read More »

Брнабиќ: Заедничка седница со македонската влада ќе се одржи следната година


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по денешните разговори со македонскиот колега Зоран Заев, изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на двете влади, што ќе треба да се оддржи кон крајот на февруари или на почетокот на март следната година. На заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Брнабиќ кажа дека на состанокот се разговарало …

Брнабиќ: Заедничка седница со македонската влада ќе се одржи следната година Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го „нападна“ со амандмани законот за јазици


Вкупно 90 амандмани поднесоа пратеничките групи во Собранието за Предлог-законот за употреба на јазиците, за што од утре ќе расправа Комисијата за европски прашања. во Собранието до завршувањето на рокот. Очекувано, најмногу амандмани – 84 поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ предлага четири интервенции на текстот на законот, а Беса две. Расправата во Комисијата за европски …

ВМРО-ДПМНЕ го „нападна“ со амандмани законот за јазици Read More »

Саботата стана работна за Собранието: На ред дојде изборот на обвинител


Собраниската седница за избор на новиот државен јавен обвинител почнува во сабота, за кога претседателот на парламентот Талат Џафери ја закажа 22.седница. Владата го предлага Љубомир Јовески (63), член на Советот на јавни обвинители, за нов јавен обвинител на Македонија. Тој би дошол на функцијата што претходно ја извршуваше Марко Зврлевски, кој пред неколку месеци …

Саботата стана работна за Собранието: На ред дојде изборот на обвинител Read More »

Вулнет Ферати кандидат за министер за здравство


Вулнет Ферати, специјалист по медицина од Тетово, како што дознава Независен.мк, е името на кандидатот за министер за здравство што Алијансата за Албанците му го предлага на премиерот Зоран Заев. Ферати важи за истакнат доктор специјалист во Клиничкот центар во Тетово. Тој долго време бил член на ДПА, а потоа се приклучува кон Движењето за …

Вулнет Ферати кандидат за министер за здравство Read More »

Се одложи судењето за случајот „Триста“


Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот „Триста“ на СЈО денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини. Судењето е одложено за 27 ноември. Адвокатите на Поповски доставија медицинска документација до Судот дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето. Обвинителката на СЈО …

Се одложи судењето за случајот „Триста“ Read More »

В сабота ќе се гласа новиот државен јавен обвинител


Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител. Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Постапката за избор на нов јавен обвинител се оддолжи поради локалните избори …

В сабота ќе се гласа новиот државен јавен обвинител Read More »

Продолжува судењето на бизнисменот Сеад Кочан


Во скопскиот Криичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Триста“. Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ. …

Продолжува судењето на бизнисменот Сеад Кочан Read More »

Заев во прва посета на Србија како премиер


Македонскиот премиер Зоран Заев на денешните средби во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе разговара за унапредување на односите меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и јакнењето на економската соработка. Ова е прва посета на Заев на Србија од изборот на премиер и повеќемесечната напнатост во односите на …

Заев во прва посета на Србија како премиер Read More »

Села предложил нов министер за здравство


Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изјави дека од партијата доставиле предлог на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство. -Ние веќе доставивме предлог за министер до премиерот Заев. Јас очекува тоа име наскоро да се најде на гласање пред пратениците во Собранието, изјави Села.

БПЦ ќе се консултира со останатите цркви пред да одлучи за барањето на МПЦ


Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката, пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од секретаријатот на БПЦ за бугарски „Дневник“ изјавиле дека предлогот најверојатно ќе биде разгледан на седницата закажана за 27 ноември, но …

БПЦ ќе се консултира со останатите цркви пред да одлучи за барањето на МПЦ Read More »

Груевски се сретна со Мета: Од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување


Македонско албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија беа главната тема на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир Мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски. Како што информираат од партијата соговорниците ги реафирмирале заложбите …

Груевски се сретна со Мета: Од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување Read More »

Средба Заев-Мета: Македонија и Албанија имаат слични предизвици


Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските односи, кои уште повеќе ќе се унапредат со зголемување на соработката во економијата, трговијата, развојот на инфраструктурата и енергетиката, порачаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Република Албанија Илир Мета, кој е во дводневна посета на Македонија. Како што информираат …

Средба Заев-Мета: Македонија и Албанија имаат слични предизвици Read More »

Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд. Согласно уставните овластувања на претседателот, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието.Пред донесувањето на одлуката, претседателот Иванов извршил консултации со релевантни фактори од оваа област. – Претседателот Иванов како и досега, така и …

Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд Read More »

Средба Џафери-Хан: Пакетот реформски закони приритет за Собранието


Приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе, порача претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Скопје. На почетокот на средбата претседателот Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието …

Средба Џафери-Хан: Пакетот реформски закони приритет за Собранието Read More »

ЗНМ ја обвини владата дека сака цензура


Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Скопје организираше дебата за Нацрт-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Притоа,претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја обвини Владата дека со обидот за воведување на парични казни за неетичко известување на медиумите сака да воведе цензура, која е забранета со македонскиот устав. Селмани објасни дека Владата практично сака …

ЗНМ ја обвини владата дека сака цензура Read More »

Откажана прославата за Нова година во Скопје, парите ќе се донираат


Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов. Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, пречекот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат …

Откажана прославата за Нова година во Скопје, парите ќе се донираат Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга за законот за јазици


Употребата на македонскиот и на албанскиот јазик во Македонија нема да биде идентична, велат од СДСМ, како одговор на секојдневните реакции на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за употреба на јазиците, за кој рокот за поднесување амандмани истекува денеска. Според СДСМ, од каде што најавија повеќе аманадмнаски интервенции на првичниот текст на законот, ВМРО-ДПМНЕ продолжува …

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга за законот за јазици Read More »

Груевски: Спомениците што ќе ги срушат, повторно ќе ги изградиме


Кога ВМРО – ДПМНЕ ќе се врати на власт, ќе ги врати и сите споменици што ќе ги сруши или дислоцира актуелната владејачка гарнитура, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во третиот дел од интервјуто за „Република“, поранешниот долгогодишен премиер ги нарекува „забегани“ дел од глаасачите на СДСМ, одговарајќи на прашање околу најавите за „скорешно …

Груевски: Спомениците што ќе ги срушат, повторно ќе ги изградиме Read More »

За Хан законот за јазиците не е приоритет


Еврокомесарот Јоханес Хан ги олади македонските функционери на прес конференцијата порачувајќи им дека владата има многу приоритети што треба да ги исполни за да ја добие препораката, но новиот закон за јазиците не е меѓу нив. „„Станува збор за разумно барање. Власта треба да им даде приоритет на областите што ќе бидат позитивни за земјата. …

За Хан законот за јазиците не е приоритет Read More »