Активистите за права на животните го тужат Љупчо Златев


Асоцијацијата на активистите за права на животните поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Љупчо Златев. „Новинарот во два наврати (на Фејсбук и на емисијата на ТВ Нова) поттикнуваше труење со животни, давајќи директни насоки со кој отров луѓето треба да ги трујат уличните кучиња. ААПЖ бара да се покрене кривична постапка против пријавениот …

Активистите за права на животните го тужат Љупчо Златев Read More »

За кабинетот на Иванов аболицијата е шпекулација


Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов не сакаат да ги коментираат информациите  што кружат во јавноста дека првиот човек на државата се подготвува да ги аболира притворените пратеници на ВМРО- ДПМНЕ. „Ни досега ни сега нема да коментираме шпекулации“, порачаа кратко од оваа институција. Околу евентуалната аболиција или амнестија на одговорните за настаните на 27 …

За кабинетот на Иванов аболицијата е шпекулација Read More »

Димитров пред дипломатскиот кор: Членството во ЕУ останува клучен приоритет


Членството во Европската унија останува клучен приоритет во надворешната политика на Македонија, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред дипломатскиот кор на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием. Тој изрази очекување оти реформската ориентираност на земјата ќе донесе напролет безусловна препорака за почеток на претпристапните преговори. – Искрено се надеваме дека нашата политичка волја …

Димитров пред дипломатскиот кор: Членството во ЕУ останува клучен приоритет Read More »

Се чека меѓународна потерница за пет лица на 27 април


Полицијата има информации каде се наоѓаат осомничените за собраниските настани на 27 април, но се чека распишување потерница за да може да постапува, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, рече Спасовски, посочувајќи дека за дел од нив МВР …

Се чека меѓународна потерница за пет лица на 27 април Read More »

Заев – Јотова: Значајна година за односите меѓу Скопје и Софија


Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателката на Бугарија Илијана Јотова оценија на денешната средба во Скопје дека 2017 година била од големо значење за односите меѓу двете држави и оти следната година на ова пријателство треба да се надоврзе заедничкото членство во НАТО и отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија. На средбата …

Заев – Јотова: Значајна година за односите меѓу Скопје и Софија Read More »

Петерле: Постигнат е напредок за доверба меѓу Атина и Скопје


Постигнат е напредок за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но се очекува да следат и конкретни чекори, оценува пратеникот од Европскиот парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламетарен комитет Македонија – Европска Унија, Алојз Петерле, во интервју за „European Western Balkans“. – За да се најде решение за спорот во врска …

Петерле: Постигнат е напредок за доверба меѓу Атина и Скопје Read More »

Груевски со порака до кандидатите за негов наследник


Лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати денеска, преку својот фејсбук-профил, на потенцијалните кандидати за негов наследник во партијата. Тој апелира процесот на кандидирање и избор на лидер на престојниот конгрес во Валандово да помине во мирна и фер атмосфера. Во осумте точки наведени во неговиот статус, Груевски порачува дека кандидатите не …

Груевски со порака до кандидатите за негов наследник Read More »

Закон за јазици: До крајот денот треба да заврши амандманската расправа


Во Комисијата за европски прашања до крајот на денот треба да заврши амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците, но најверојатно пратениците нема да гласаат за ниту еден од поднесените амандмани. Ова го потврди и претседателот на Комисијата Артан Груби кој изјави дека денеска е третиот ден од амандманската расправа и тој според Деловникот …

Закон за јазици: До крајот денот треба да заврши амандманската расправа Read More »

(ВИДЕО) Шекеринска за Би-Би-Си: Македонија успева да се пробива напред


Со вистинска политика и со вистинско лидерство, можете земјата да ја направите посилна. Македонија доживеа продолжена политичка криза која траеше три години, но од неа излеговме посилни и покажавме дека со вистинска политика и лидерство Македонија повторно стана позитивен балкански пример за ЕУ и НАТО, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за Би-Би-Си. Шекеринска гостуваше …

(ВИДЕО) Шекеринска за Би-Би-Си: Македонија успева да се пробива напред Read More »

Завршиле разговорите Заев – Ахмети за промените во Владата


Заршени се разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со промените во владиниот состав, потврди денеска пратеникот Артан Груби од ДУИ. -Завршени се тие работи меѓу Ахмети и Заев, изјави Груби. Министерот за правда Билент Салиу, на прашање дали ќе ја задржи министерската функција, рече …

Завршиле разговорите Заев – Ахмети за промените во Владата Read More »

Вип.Оне: Прекин на оптички кабел причина за падот на мрежата


Преку мрежата на мобилниот оператор Оне.Вип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави  повик. Од Оне.Вип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестирал со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет. – По брзата интервенција на екипите на Оне.Вип говорните услуги …

Вип.Оне: Прекин на оптички кабел причина за падот на мрежата Read More »

(ФОТО) Апокалиптични фотографии од Скопје: Денеска е најзагаден град во светот


Утринава скопјани се разбудија во мрак од густа магла, не се гледа прст пред око и тешко се дише. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат. Фоторепортерот на Независен весник …

(ФОТО) Апокалиптични фотографии од Скопје: Денеска е најзагаден град во светот Read More »

Собранието утре ќе ги потврди оставките на Ковачевски и Пендаровски


На почетокот на утрешната собраниска седница ќе бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски. Ковачевски, кој денеска поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски. …

Собранието утре ќе ги потврди оставките на Ковачевски и Пендаровски Read More »

Бугарија ќе ја олесни процедурата за добивање државјанство


Досега 71.524 Македонци побарале бугарско државјанство. Ова го изјави заменик-претседателот Илиана Јотова во Скопје, објави БГНЕС. „Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој стапи на функција во јануари оваа година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство“, рече потпретседателката Јотова за време на состанокот во бугарската амбасада во Република Македонија. Таа  вети дека во блиска …

Бугарија ќе ја олесни процедурата за добивање државјанство Read More »

Македонија ќе добие излез на море преку каналот Вардар-Морава-Дунав


Грција, Македонија и Србија сакаат да изградат пловен канал што ќе ја поврзува реката Дунав со Егејското и Средоземното Море, кој според грчкиот премиер Алексис Ципрас би можел да ја промени географијата на Балканот, наведува германскиот магазин „Велт“. Весникот го оценува проектот како сензационален и истакнува дека се бараат инвеститори кои ќе ги преземат високите трошоци за …

Македонија ќе добие излез на море преку каналот Вардар-Морава-Дунав Read More »

Авторските права мора да се почитуваат, порача Синдикатот на новинарите


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од јануари следната година ќе тргне во одбрана на правото на авторот, независно дали е новинар, фоторепортер или снимател со цел неговиот труд да биде платен и заштитен. Ова на денешната прес-конференција го порача претседателката на Синдикатот Тамара Чаусидис која посочи дека ССНМ ќе понуди правна помош …

Авторските права мора да се почитуваат, порача Синдикатот на новинарите Read More »

Самка Ибраимовски се сели од Влада во Собрание


Министерот без ресор Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, најави дека ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието. Ибраимовски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше …

Самка Ибраимовски се сели од Влада во Собрание Read More »

Извршителите реагираат: Се води хајка против нашата професија


Комората на извршители на Македонија (КИРМ) реагира на начинот на кој се води иницијативата за собирање потписи „Стоп извршители“. Според нив, ова е непримерна хајка против нивната професија. Воедно,сметаме дека јавноста има  право да биде  правилно информирана за сите прашања поврзани со начинот на функционирање на извршителите, кои постојат веќе 12 години. Цениме дека со …

Извршителите реагираат: Се води хајка против нашата професија Read More »

Богдановиќ парично ќе ги награди граѓаните што ќе ги откријат трујачите на кучиња


Општина Центар и полициската станица Центар апелираат граѓаните да им помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје. Како што рече денеска на прес-конференција градоначалникот Саша Богдановиќ, предвидени се и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок. – Отров се расфрла веројатно по 20 часот …

Богдановиќ парично ќе ги награди граѓаните што ќе ги откријат трујачите на кучиња Read More »

Кој ќе влезе ако „Алијансата“ излезе од Владата


Се комплицираат односите меѓу партиите од коалицијата на „Илинденска“, така што останува неизвесно кога ќе се пополнат испразнетите места во Владата, посебно Министерството за здравство. Премиерот Зоран Заев вчера навести дека проблем е обезбедувањето парламентарно мнозинство за да се изгласа новиот министер, поради повлекувањето на два пратеника што ќе треба да го потврди ДИК, која …

Кој ќе влезе ако „Алијансата“ излезе од Владата Read More »