Во Србија речиси 6.000 заразени, починаа 58


  Според последните податоци, во Србија денеска се регистрирани 5.809 позитивни случаи со корона вирус, а тестирани биле 14.486. Во исто време починаа 58 лица со Ковид-19. Поради влошената епидемиолошка состојба трговските центри, продавниците, обложувалниците, игротеките, фризерските и козметичките салони не работат ни денеска, а ќе бидат затворени до понеделник во 5 часот.

Во Албанија 840 новозаразени и 16 починати од Ковид-19, болниците преполни


 Продолжува влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија, каде во изминатото деноноќие се регистрирани 840, со што вкупната бројка на заразени достигна 42.988 лица, јави дописничката на МИА од Тирана. – И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се 345 од новодијагностицираните, поради што утре токму таму почнуваме со примена на брзите тестови. …

Во Албанија 840 новозаразени и 16 починати од Ковид-19, болниците преполни Read More »

Над 100 приведени во Атина поради забраната за собири на годишнината од убиството на Григоропулос


Над 100 лица денеска се приведени во Атина, во повеќе одделни случаи, поради забраната за секаков вид собири на четири или повеќе лица на одбележувањето на 12-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина. Полициското присуство беше оромно во грчката метропола, особено во населбата Ексархија, каде што во 2008 година …

Над 100 приведени во Атина поради забраната за собири на годишнината од убиството на Григоропулос Read More »

Во Словенија 1.030 нови случаи со корона вирус, починаа 44 пациенти


  Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 3.744 примероци, а 1.030 биле позитивни. Во истиот период починаа 44 пациенти. Бројот новозаразени е помал од вчера кога имаше 1.636. Во болница се 1.302 пациенти, од кои 197 се на интензивна.. Досега регистрирани се 85.805 заболени, а активни се 20.481 случај.

Во Хрватска 72 починаа од Ковид-19, заразени уште 2.899


Денеска во Хрватска има помалку од 2.900 нови случаи со корона вирус, а направени се повеќе од 9.300 тестирања. Сепак, починале висок број пациенти со Ковид-19, 72. Поточно, како што објави Штабот има точно 2.899 новозаразени, а активни се 23.740. Меѓу нив 2.543 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 264 пациенти. Починаа …

Во Хрватска 72 починаа од Ковид-19, заразени уште 2.899 Read More »

Земјотрес од 4,4 степени ја стресе Албанија


Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, пренесуваат локалните медиуми. „Секторот за сизмологија од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на ден 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути регистрираше земјотрес со средна јалина, со епицентар 28 километри северно од Драч (Албанија). Јачината на земјотресот во хипоцентарот …

Земјотрес од 4,4 степени ја стресе Албанија Read More »

Забрана за собири и протести во Грција на 12-годишнината од убиството на Григоропулос


Забрана за секаков вид собири на четири или повеќе лица, од 5 часот утрово е во сила во Грција, на денот на 12-годишнината од тинејџерот Алексис Григоропулос, со оглед на тоа дека секоја година, традиционално на 6 декември се одржуваат низа протести, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција соопшти дека одлуката е „поради …

Забрана за собири и протести во Грција на 12-годишнината од убиството на Григоропулос Read More »

Во Србија лути на веста дека ЕУ годинава нема да отвора нови поглавја со Белград


„Добри вести! Советот на ЕУ и Европската комисија засега нема да отворат нови поглавја за преговори со Србија“, напиша на Твитер известувач на ЕП за Косово Виола Фон Крамон додавајќи како објаснување дека она што го опиша како „влошување на состојбата на демократијата, напади врз медиумите, насилство против мирните протести и проблематичните избори“ не се патот кон евроинтеграциите. На оваа вест, како што …

Во Србија лути на веста дека ЕУ годинава нема да отвора нови поглавја со Белград Read More »

Во Турција црн рекорд на починати од Ковид-19


Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата сега изнесува 14.705. Во претходните 24 часа се регистрирани 31.896 лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на од почетокот нас пандемијата достигна 797.893. 

Во Грција уште 98 починати од корона вирусот и 1.383 заразени


Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, регистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 …

Во Грција уште 98 починати од корона вирусот и 1.383 заразени Read More »

Во Херцеговина се излеаја реки, загрозени семејни куќи


Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови, а најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини. Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој. Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави …

Во Херцеговина се излеаја реки, загрозени семејни куќи Read More »

Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 пациенти, новозаразени се 4.084


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.084 нови случаи со зараза од корона вирус, а активни се 24.495. Меѓу нив 2.514 пациенти се во болница, а 259 на респиратор. Починаа уште 70 пациенти, со што вкупната бројка се искачи на 2.102. Од почетокот на пандемијата во Хрватска се регистрирани 147.454 заразени, а …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 пациенти, новозаразени се 4.084 Read More »

Турција најавува воени вежби југоисточно од Крит


Турција – Турција денеска издаде поморско известување за одржување воени вежби во областа југоисточно од Крит, пренесува Екатимерини. Анкара вчера најави дека воените вежби ќе се одржат на 9 и 10 декември во водите меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо, а денеска издаде порака Навтекс. Вежбите ќе се совпаднат со самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 10 и 11 …

Турција најавува воени вежби југоисточно од Крит Read More »

Во Косово од Ковид-19 денеска починаа 14 пациенти, новозаразени се 560


  Во Косово, во последните 24 часа, забележани се 560 нови случаи со корона вирус, а од последиците на заразата починаа 14 пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина. Тестирани биле 1.620 граѓани. Во моментот активни се 13.469 случаи со кроона вирус, пренесе Косово онлајн. Вкупниот број позитивни случаи од почетокот на пандемијата изнесува …

Во Косово од Ковид-19 денеска починаа 14 пациенти, новозаразени се 560 Read More »

Силен земјотрес во турската провинција Анталија


Турција– Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер денеска ја погоди турската крајбрежна провинција Анталија, соопшти Опсерваторијата Канадили. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 93,3 километри. Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Анталија и соседните провинции. Засега нема информации за жртви или штети. 

Во Србија, 6.903 новозаразени со Ковид-19 и 57 смртни случаи


Србија– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.903 нови случаи на коронавирус, а 57 лица починаа. Според податоците објавени на веб-страницата Ковид-19.рс, од последниот пресек се тестирани 18.232 лица. Вкупно 279 пациенти на респиратори. 

Рама отпатува за САД за договор за анти-ковид вакцини


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама отпатува за Соединетите Американски Држави заради средби со производителите на анти-ковид вакцината. Веста ја објави Рама преку Твитер каде што напиша дека нема да остави „непомрднат камен со цел вакцината да започне да пристигнува во Албанија што е можно побрзо“. -Обезбедувањето на вакцината што е можно поскоро е приоритет на …

Рама отпатува за САД за договор за анти-ковид вакцини Read More »

Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу


Како последица од Ковид-19 во болница во Турција, каде беше на лекување, почина 59-годишниот Касем Хисенбелиу, сопственик на повеќе медумски куќи, меѓу кои и „Факс Њуз“, и познат албански бизнисмен. – Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од …

Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу Read More »

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус


Лидерот на Социјадемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ објави дека е позитивен на коронавирусот. – Синоќа ги добив резултатите од тестот, кои покажуваат дека сум позитивен на Ковид-19. Затоа ги информирам сите со кои сум бил во директен или индиректен контакт. Почитувајте ги сите мерки за заштита и чувајте се себеси и …

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус Read More »

Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19, најскапите 55 евра


Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ. Од Министерството потенцираат дека тестирањата со …

Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19, најскапите 55 евра Read More »