И претседателката на Собранието на Србија позитивна на корона


На претседателката на Народното собрание на Србија, Маја Гојковиќ, денеска ѝ е потврден позитивниот наод на корона вирус. Таа се наоѓа во болница каде ја прима неопходната терапија.

Од нејзиниот кабинет на Танјуг му рекле дека Гојковиќ има воспаление на белите дробови, но дека се чувствува добро.

Заразата од корона вирусот досега ја потврдија министерот за одбрана Александар Вулин и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.