Хрватска се разгорува, 311 инфекции денеска – воведени нови мерки
Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 311 нови случаи со корона вирус и четворица починати пациенти.
Вирусот е активен кај 2.566 лица, а од почетокот на епидемијата регистрирани се 10.725 случаи.
Тестирани се вкупно 175.346 лица од почетокот на епидемијата, а во последните 24 часа 4.122.
Во болниците има 258 пациенти, а на респиратор 14. Оздравеа 7.968 лица. Со денешните четворица починати вкупниот број жртви на Ковид-19 изнесува 191.
Воведени се и нови мерки во Пожешко-славонската жупанија каде се ограничуваат свадбените свечености и приватните собири, рече шефот на Националниот штаб и министер Давор Божиновиќ.