“Home alone”- Јана Бурческа се враќа на сцената со нови песна и спот

Видео спотот за “Home Alone” беше промовиран вчера, во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – Аудиокултура, во присуство на бројни гости од музичката фела и медиумите


Шест години по учеството на Евросонг, Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата “Home alone”.  Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на “Home alone” е финиширан со мастеринг  од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.

Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа “збир на млади  ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.

Видео спотот за “Home Alone” беше промовиран вчера, во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – Аудиокултура, во присуство на бројни гости од музичката фела и медиумите. 

Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото.

Бурческа, која во меѓувреме стана мајка и на две деца, вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршка и промоција на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија.