ЕУ ќе ни даде 13 милиони евра помош за Армијата


ЕУ преку Европскиот мировен фонд (EPF) ќе ни даде помош од 13 милиони евра за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на МакедонијаoNoSpacing”>. 

-Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија во однос на нејзиното учество во операциите и мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP) на ЕУ и другите меѓународни мисии. Денешната одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаност со Северна Македонија во областа на безбедност и одбрана. Тоа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, во целосна усогласеност на Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

ЕПФ ќе обезбеди опрема што не е дизајнирана да испорачува смртоносна сила и сродни набавки и услуги, вклучувајќи техничка обука како што е соодветно. Фондот за помош ќе вклучува поддршка за технологии поврзани со разузнавање, надзор и извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи“, стои во соопштението од ЕУ.

Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година за финансирање на акции во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика за спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. Конкретно, ЕПФ и овозможува на ЕУ да финансира акции наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.