Џорџ и Амал Клуни донираа 100 илјади долари за жртвите во Бејрут


САД- Една од најпознатите Либанки во светот на шоубизнисот е Амал Клуни (36), адвокат за човекови права и сопруга на оскаровецот Џорџ Клуни (53).

-Двајцата сме загрижени за граѓаните на Бејрут поради разорувањата во изминативе денови. Пронајдовме три добротворни организации кои помагаат на теренот: Црвениот кртс на Либан, Impact Lebanon и Baytna Baytak. Ќе им донираме 100 илјади долари, се надеваме дека ќе им помогне, стои во службената изјава на двојката Клуни.

Амал е родена во Бејрут но со семејството (Аламудин) избегале во Англија, во Бакингемшер, за време на граѓанската војана во Либан кога имала само две години.

Двојката која е позната по хуманоста, во април донираше милион долари за заразените од коронавирус.