Доминик Тим: Ѝ верувавме на владата на Србија и бевме премногу еуфорични


Австрискиот тенисер Доминик Тим на Инстаграм изјави дека му е жал што некои играчи и луѓе кои имале врски со „Адрија тур“ се заразени со вирусот на корона. Тој вели дека тој и другите учесници биле премногу еуфорични.

„Адрија тур“ имаше големо влијание во светот на спортот затоа што неколку играчи се позитивни за вирусот корона. Григор Димитров беше првиот што го доби во Задар, а по него позитивни се покажаа и Виктор Троицки, Борна Ќориќ, Новак Ѓоковиќ, неговата сопруга и фитнес тренерот. Меѓу оние што се негативни е и Доминик Тим, кој вели дека е шокиран од вестите од „Адрија тур“.

„Игравме без публика со недели и бевме повеќе од среќни што имавме обожаватели на еден настан. Имавме доверба во српската влада и нејзините правила околу короната, но бевме премногу оптимистички. Нашето однесување беше грешка, бевме премногу еуфорични. Многу ми е жал“, напиша австрискиот тенисер и победникот на „Адрија тур“ во Белград, Доминик Тим.

Тој додаде дека во последните десет дена пет пати бил тестиран и дека е негативен, а и им посака на сите што биле заразени сѐ најдобро и брзо закрепнување.