Денеска има најмногу заразени од корона вирус во еден ден во светот


 

Светската здравствена организација забележа нов највисок број заразени со корона вирус во еден дена, затоа што во последните 24 часа потврдени се повеќе од 189.000 нови случаи.

До сега најмногу во еден ден беа забележани 183.000 случаи.

Најмногу новозаболени регистрира Бразил, попвеќе од 46.800, потоа САД со 44.400, Индија со близу 20.000 новозаразени.

Најмногу заразени од почетокот на епидемијата има САД – повеќе од 2,5 милиони, двојно повеќе од Брази. Во Русија има повеќе од 630.000 потврдени случаи на инфекцијата, а по бројот на заразени следи Индија со околу 530.000 заболени од Ковид-19.