БиХ регистрира 190 новозаразени


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 188 заразени со ковид-19 од кои во Република Српска 45 случаи, а во Федерацијата 143 и два во Брчко. Во истиот период оздравеле 262 лица.

Во Федерацијата се тестирле 1.561 примероци, а 143 се позитивни. Досега се тестирани 77.012,а Ковид-19 потврден е кај 4.892 лица, додека пак оздравени се 2.102 пациенти, активни се 2.682 случаи.

Денеска починале тројца.

Во република Српска тестирани се 270 од кои 45 се позитивни, а пријавија и два смртни случаи.

Во БиХ се донесе одлука маски да се носат и на отворено, ако не е можно да се обезбеди дистанца од два метра.