ДКСК ќе отвори предмет за „Еуровиа“, Бектеши ќе возврати на ВМРО-ДПМНЕ


Поради ризици за политичка поврзаност, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да отвори предмет во врска со градежната фирма „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР) од 1,8 милиони евра за реконструкција на салата „Борис Трајковски“. „ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за надлежност на Комисијата и …

ДКСК ќе отвори предмет за „Еуровиа“, Бектеши ќе возврати на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Протест против должничкото ропство од извршителите


Почитување на законот за застарување на долговите, изготвување правилник, но и кривична постапка за извршителите кои не ја исполнуваат законската обврска, побараа собраните на денешниот протест „Стоп за ивршителите“ пред Министерството за правда. Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Ропството не е завршено, само обликот е друг“ и извикуваа: „Апаши, лопови“. Активистката Ана Глигорова изјави дека …

Протест против должничкото ропство од извршителите Read More »

Бун: Можно е проширување и пред 2030, но прво ЕУ да се реформира


  Следното проширување на ЕУ е можно и пред 2030 година, но претходно Унијата треба да се реформира, истакна француската државна секретарка за Европа, Лоренс Бун на панел дискусија одржана во рамки Бледскиот стратешки форум. Оваа порака на Бун следува по вчерашната изјава во Блед на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ треба …

Бун: Можно е проширување и пред 2030, но прво ЕУ да се реформира Read More »

Членството во ЕУ заглавува меѓу роковите и изговорите


„Проширувањето веќе не е сон. Време е да одиме напред“, порача преку Твитер Шарл Мишел, актуелниот претседател на Европскиот совет, посочувајќи ја 2030 годин како можен временски рок за проширување на ЕУ.  Тоа ги запали дискусиите на Балканот, каде што датумите се сфаќаат многу буквално и каде што, место да се исполнуваат условите, се бараат …

Членството во ЕУ заглавува меѓу роковите и изговорите Read More »

Еврос гори веќе единаесетти ден, уништени шуми колку еден Њујорк


Стотици пожарникари продолжија денес, веќе единаесетти ден, да се борат со огромниот пожар во североисточниот регион на Еврос. Во пожарот загинаа 21 лице во изминатите 10 дена, што стана најсмртоносниот шумски пожар во Европа ова лето. Според противпожарната служба, операциите се фокусирани во областите во близина на селата Лефкими, Лептокарија и Трис Врисес. На планината …

Еврос гори веќе единаесетти ден, уништени шуми колку еден Њујорк Read More »

Кои се тајните приватни армии во Русија со амбиција да го заменат „Вагнер“?


Речиси 30 приватни воени компании работат во Русија, иако се официјално забранети. Сега многу од нив се подготвени да се борат за да ја пополнат празнината што ја остави исчезнувањето на Евгениј Пригожин, лидерот на „Вагнер“. Почетокот на т.н. „специјалната воена операција“ не оди според планот и руското воено раководство се повеќе сфаќа дека Украина …

Кои се тајните приватни армии во Русија со амбиција да го заменат „Вагнер“? Read More »

Рама: Кој кого треба да нападне за да влеземе во ЕУ брзо како Украина?


Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, го нарече премиерот Еди Рама „дрзок, срамен  и непростлив“ поради говорот  што го одржа на Стратешкиот форум во Блед. Рама, според Бериша,  во својот говор ја споредил Бугарија со Русија, но не ја пропуштил ниту Хрватска, дефинирајќи ги двете држави како агресори. „Бугарија лесно може да ја …

Рама: Кој кого треба да нападне за да влеземе во ЕУ брзо како Украина? Read More »

Кремљ одлучува кој ќе биде конкурент на Путин на претседателските избори во 2024 година


Кремљ одлучи за „конкурентите“ на Владимир Путин на претседателските избори во 2024 годинам, пишува руска „Медуза“. Еден од главните критериуми за нивниот избор била возраста.  Според изворите на „Медуза“ властите веруваат дека присуството на политичари помлади од 50 години меѓу пријавените кандидати може да ги натера Русите да мислат дека 70-годишниот Путин „веќе не е …

Кремљ одлучува кој ќе биде конкурент на Путин на претседателските избори во 2024 година Read More »

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?


Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух? – прашува ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека 1.8 милиони евра од државен тендер ќе завршат на контото на компанија на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји …

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух? Read More »

СДСМ: Граѓаните се уште плаќаат милионски оштети за криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ


Скапи и долгорочни се штетите што ДПМНЕ ги стори со неколкугодишното криминално владеење на Град Скопје, тврди СДСМ со соопштение. -Неколку години по падот на режимот, граѓаните и државата се уште плаќаат за криминалните зделки на ДПМНЕ. За проектот „Шпански скали“, како дел од мега криминалниот проект Скопје 2014, државата се наоѓа пред меѓунардона арбитража …

СДСМ: Граѓаните се уште плаќаат милионски оштети за криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Како ЕУ ги помага земјоделците во своите земји членки?


Европската комисијата н 26 јуни предложи да се мобилизираат дополнителни средства од ЕУ за земјоделците од земјите членки погодени од климатските промени, но и високите трошоци за производство и различни пазарни и трговски прашања. Новиот пакет за поддршка изнесув 330 милиони евра за 22 земји-членки, пишува „Бриф“ во денешната анализа.  Според анализата,  земјите-членки истиот тој …

Како ЕУ ги помага земјоделците во своите земји членки? Read More »

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум


Во живописното место Блед под алпите и кај истоименото езеро, туристичка атракција во Словенија, привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски.  Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб на која …

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум Read More »

Приведен командирот на полиција што пукаше со автоматско оружје на свадба


Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност  Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, …

Приведен командирот на полиција што пукаше со автоматско оружје на свадба Read More »

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем


Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.  Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, …

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем Read More »

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково


Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното  противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума. Од ЦУК велат …

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково Read More »

Странски турист се удави попладнево во Охридското Езеро


Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум. Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија. Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта. 

Ќе се реактивира лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Тирана


Од новата академска 2023/2024 година повторно ќе функционира Лекторатот по македонски јазик при Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Веста ја  соопшти претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај. – Ова е историски ден за нас Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромна радост и  задоволство да информирам дека добивме позитивен одговор на барањето …

Ќе се реактивира лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Тирана Read More »

Kомандир на полициска станица пукал со автоматско оружје на веселба


Пратеникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на Твитер објави видео на кое се гледа како човек пука со автоматска пушка од балкон на кој е истакнато турско знаме. На објавеното видео се слуша гласна музика, од што може да се заклучи дека станува збор за некаква веселба. Во објавата …

Kомандир на полициска станица пукал со автоматско оружје на веселба Read More »

Трамп од четвртокот заработил 7,1 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика


 Изборниот штаб за претседателската кампања на Доналд Трамп соопшти од четвртокот до сега се собрани 7,1 милиони долари, односно откако беше фотографиран во затворот во Џорџија. Како што се наведува од неговиот штаб, најголем дел од парите се собрани од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, шолји и термоси. Трамп во четвртокот …

Трамп од четвртокот заработил 7,1 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика Read More »

Од почетокот на инвазијата врз Украина Русија ја напуштиле речиси милион граѓани


Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани. Како објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.⁠ Вториот бран почнал во септември кога претседателот …

Од почетокот на инвазијата врз Украина Русија ја напуштиле речиси милион граѓани Read More »