Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март оваа година во земјава се потрошени вкупно 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се …

Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори Read More »

Американски банкар обвинет за купување функција во администрацијата на Трамп


Генералниот директор и основач на банка од Чикаго, Стивен Калк, се обидел да купи функција во администрацијата на Доналд Трамп со тоа што кон крајот на 2016 година одобрил повеќе заеми со висок ризик во вкупна сума од 16 милиони долари на Пол Манафорт, раководител на предизборниот штаб на идниот претседател на САД. Според обвинението …

Американски банкар обвинет за купување функција во администрацијата на Трамп Read More »

Џафери: Светата столица ќе продолжи да нè поддржува во евроинтегративните процеси


Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките …

Џафери: Светата столица ќе продолжи да нè поддржува во евроинтегративните процеси Read More »

Момче настрада од струен удар при обид за кражба кај железничката во Трубарево


Машко лице на возраст меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба. „При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај. Лице на возраст од 20 до …

Момче настрада од струен удар при обид за кражба кај железничката во Трубарево Read More »

Вестерн лик во Велес: Гари Купер добива мурал под Градски саат


Од Стрип центарот на Македонија (СЦМ) на ѕидот под Градски саат во Велес деновиве интензивно работат на голем мурал со познатиот вестерн холивудски актер Гари Купер, а за кој илустрацијата е на реномираниот стрип автор Владимир Весовиќ од Белград. Муралот го изработуваат велешките цртачи Ване Трајков, Горан Мазнев и Анита Гочева. Томе Трајков  од СЦМ-Велес …

Вестерн лик во Велес: Гари Купер добива мурал под Градски саат Read More »

Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика


Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека изборите за Европскиот парламент се гласање и за доверба во неговата политика и планот за штедење во 2019 и 2020 година. Запрашан дали размислува за предвремени избори во јуни и дали тоа зависи од резултатите од гласањето за изборите во Европскиот парламент, Ципрас рече дека луѓето в недела можеби …

Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика Read More »

Младинска кошарка: Работнички обвинува за фалц-лиценци на Дино Баскет


Нова афера во македонската кошарка во екот на трансфер меѓу старото и новото раководство во Федерација. Произлезе од Кочани каде викендот се одржа финалниот турнир во младинската лига М14 за играчи родени во 2005/06. Титулата ја освои Дино Баскет по победата над Работнички со 87:75, но поразените обвинуваат за фалсификување на документација на двајца кошаркари …

Младинска кошарка: Работнички обвинува за фалц-лиценци на Дино Баскет Read More »

Југословенската кошаркарска елита се поклони на Лечиќ


Мноштво емоции, навраќање на спомени, згоди и незгоди, анегдоти. Помешани чувства од едно поинакво време навираа денеска од хотелот „Александар Палас“ во Скопје каде македонската кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ го прослави 80. роденден. Удостоен беше од голем број на играчки и тренерски великани во браншата со кои беше огромна чест и вистинско задоволство да се …

Југословенската кошаркарска елита се поклони на Лечиќ Read More »

Рускиот рулет на Сергеј Самсоненко


Сашко Ѓ. Димовски Август 2017 година. На два месеца до локалните избори, шокантна најава за македонската спортска јавност. Сергеј Самсоненко се „истрча“ со писмо во кое порача дека заминува од Вардар пред првиот меч со Фенербахче во плеј-офот за групната фаза во Лига Европа. Како причина наведе „цел куп пишувања од одредени медиуми кои промовирале …

Рускиот рулет на Сергеј Самсоненко Read More »

На Тоше не му е место на стадион


Сашко Ѓ. Димовски Познати сме по несреќни избори за постхумно оддавање чест на заслужни граѓани со нивно именување на јавни објекти. Ликот и делото, по некое непишано правило или логика, треба да има релација со функцијата на установата или нејзината намена. Но, малку се води сметка за тоа од разноразни „свиркачи“ и кумови. И претходната …

На Тоше не му е место на стадион Read More »

Де Брујне пред гостувањето на Сити во ЛШ: Тотенхем имаше слободен викенд, ние игравме


Со вечерашните натпревари на Островот, Лигата на шампионите (ЛШ) повторно се враќа во центар на вниманието. Во Лондон и во Ливерпул се играат првите два натпревари од оваа фаза во најелитното клупско фудбалско натпреварување. Во главниот град, Тотенхем ќе го пречека ривалот од Премиер лигата, Манчестер сити додека во градот на Битлси, екипата на Ливерпул …

Де Брујне пред гостувањето на Сити во ЛШ: Тотенхем имаше слободен викенд, ние игравме Read More »

„Визер Скопски маратон“: Старт и цел пред Собрание, башка рути за рекреативци и маратонци


Промена на локацијата на стартот и на целта, промена на рутата за трката на пет километри, нов рекорд по бројот на учесници, ново име на штафетниот маратон, бесплатни групни тренинзи, хуманитарна нишка на целокупниот настан. Ова се новините што го разликуваат годинашниот „Визер Скопски маратон“ од претходните 14 изданија. Поради поголем комфор на учесниците се …

„Визер Скопски маратон“: Старт и цел пред Собрание, башка рути за рекреативци и маратонци Read More »

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно …

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ Read More »

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ


Десет илјади денари, спортска опрема во износ до 150 евра, ноќевање, патни трошоци и, секако, задолжителен ручек. „Независен весник“ неофицијално дознава дека ова се бенефити за секој делегат во Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што е најавено за викендот (17 март) во хотелот „Горица“ во Охрид. Настрана можноста за патувања или ротирање на …

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ Read More »

Почна новата сезона во Мото ГП: Првата трка за Довициозо


Возачот на Дукати, Андреа Довициозо се избори за победа под рефлекторите во денешното Гранпри на Катар на отворање на новата сезона во Мото ГП шампионатот. Италијанецот стартуваше од втората позиција, зад победникот на вчерашните квалификации Маверик Вињалес на Јамаха, и со одлично возење успеа да мине прв низ целта со предност од само 0.023 секунди …

Почна новата сезона во Мото ГП: Првата трка за Довициозо Read More »

Арсенал му нанесе прв пораз на Манчестер Ј. во Премиерлигата со Солскјер


Арсенал го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер во Премиерлигата. „Точиите“, во дербито на 30. коло, ги победи „црвените ѓаволи“ на „Емирати“ со 2:0. Во 12. минута Гранит Џака постигна гол по извонреден удар од левата страна, а Пјер Емерик Обамејанг реализираше од пенал во 69. минута. Фудбалерите на …

Арсенал му нанесе прв пораз на Манчестер Ј. во Премиерлигата со Солскјер Read More »

Почна средбата Заев – Мицкоски


Пред петнаесетина минути во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата. „Мене ми е значајно да разговараме …

Почна средбата Заев – Мицкоски Read More »

Тевдовски: Извештајот на „Стандард и Пурс“ покажува дека одиме во правилна насока


Извештајот на „Стандард и Пурс“ е позитивен и покажува дека земјава и јавните финансии одат во добра насока, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски во интервју за Канал 5 откако вчера меѓународната агенција го потврди кредитниот рејтинг на земјава со ББ- и со стабилен изглед. Тевдовски за следниот период очекува и подобрување на кредитниот рејтинг …

Тевдовски: Извештајот на „Стандард и Пурс“ покажува дека одиме во правилна насока Read More »

Трагедија: Словачки политичар загуби цело семејство во урнатиот авион на „Етиопијан Ерлајнс“


Авионот на „Етиопијан Ерлајнс“ кој полета од Адис Абеба на пат до Најроби беше кобен за сите 157 патници и членови на екипажот. Леталото се урна по шест минути од полетувањето во етиопската престолнина и во него загинаа државјани на повеќе од 33 земји. Агенцијата „Танјуг“ јави дека меѓу загинатите е и државјанин на Србија …

Трагедија: Словачки политичар загуби цело семејство во урнатиот авион на „Етиопијан Ерлајнс“ Read More »

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин


Поради бура со оркански ветер во западниот дел на Германија, железничката компанија „Дојчебан“ го прекина регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долгите дестинации. Компанијата соопшти дека возовите се запрени во станиците во Северна Рајна Вестфалија поради тоа што неколку линии се блокирани откако паднало дрво на шините. Метеоролошката служба издаде предупредување за делови …

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин Read More »