(ВИДЕО)Манчестер Ј. ја наполни мрежата на Њукасл, кам-бек на Ибрахимовиќ и Погба


Манчестер јунајтед ја запиша осмата победа во Премиерлигата во оваа сезона, но трите освоени бода против Њукасл (4:1) паднаа во сенка на враќањето на две големи ѕвезди во составот на Жозе Мурињо. Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба беа поздравени со овации на „Олд трафорд“ по долгото отсуство од тимот. Французинот се најде и во стартната …

(ВИДЕО)Манчестер Ј. ја наполни мрежата на Њукасл, кам-бек на Ибрахимовиќ и Погба Read More »

Александар Маленко ќе раководи со Пливачката федерација на Македонија во наредните четири години


Александар Маленко доби мандат да раководи со Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) во наредните четири години. Неговата кандидатура ја поддржаа 12 делегати од присутните 22 на денешното изборно Собрание на ПФМ во Скопје на кое за ривал за функцијата го имаше Миро Крстевски. Досегашниот прв човек на македонското пливање, Александар Коцевски, ќе биде дел од …

Александар Маленко ќе раководи со Пливачката федерација на Македонија во наредните четири години Read More »

Европскиот ракометен првак на ниво: Вардар му зема мерка на Рајн Некар Левен


Вардар го совлада Рајн Некар Левен со 30:26 во дербито на осмото коло во ракометната Лига на шампиони што ЕХФ, патем, го прогласи и за меч на неделата. За европскиот првак ова е седма победа со која се зацврсти на чело на табелата во групата А со 15 бода, четири повеќе од нивниот денешен ривал. …

Европскиот ракометен првак на ниво: Вардар му зема мерка на Рајн Некар Левен Read More »

Ракомет: Бешикташ му нанесе петти пораз на Металург во ЛШ


Ракометарите на Металург загубија на гостувањето кај Бешикташ со 29:32 во меч од осмото коло во Лигата на шампиони. Поразот во Истанбул го остави македонскиот вицепрвак на претпоследното место на табелата во Д групата и без шанси за презимување во Европа. Металурзи одлично почнаа во Истанбул. Имаа игра и водството по првото полувреме со 15:13 …

Ракомет: Бешикташ му нанесе петти пораз на Металург во ЛШ Read More »

Ракомет, ЛШ: Вардарки го збришаа Тирингер


Целта е исполнета. Ракометарките на Вардар го совладаа Тирингер со 29:21 и со максимален ефект и осум бода се селат во главната фаза од годинашната Лига на шампиони (ЛШ). Најефикасна на натпреварот беше Александра Лакрабер со седум гола, Јованка Радичевиќ постигна шест, Полина Кузнецова додаде пет, а Андреа Пенезиќ четири. Гостинскиот состав го предводеше Лузумова …

Ракомет, ЛШ: Вардарки го збришаа Тирингер Read More »

Мурињо: Со Ибрахимовиќ против Њукасл


Златан Ибрахимовиќ се враќа на фудбалските терени по пауза од осум месеци. Кам-бекот на шведскиот напаѓач го потврди и Жозе Мурињо кој го вклучи во ростерот за утрешниот дуел на Манчестер јунајтед против Њукасл во Премиерлигата. Покрај него „специјалниот“ ќе може да смета и на Пол Погба и на Маркос Рохо, но не очекува дека …

Мурињо: Со Ибрахимовиќ против Њукасл Read More »

Ждрепката на групите за СП 2018 доверена на Гари Линекер


Гари Линекер ја доби довербата да раководи со ждрепката на групите за Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Десна рака на легендарниот напаѓач на англиската репрезентација ќе биде руската новинарка Марија Команднаја. Свеченоста е закажана на 1 декември во Кремљ. Водителската двојка ќе има и осум асистенти меѓу кои, засега, е познат само …

Ждрепката на групите за СП 2018 доверена на Гари Линекер Read More »

Шпански медиуми: Меси ќе добие доживотен договор на „Камп Ноу“


Лионел Меси ќе добие доживотен договор во Барселона, пишуваат шпанските медиуми. Според нив, таквата намера на челните луѓе на Каталонците доаѓа како последица на искуството со трансферот на Нејмар во ПСЖ во летниот период. На „Камп Ноу“ не сакаат нова авантура како со бразилскиот репрезентативец за кого ПСЖ ја плати сумата од откупната клаузула од …

Шпански медиуми: Меси ќе добие доживотен договор на „Камп Ноу“ Read More »

Свадба од милиони долари: Серена Вилијамс го кажа судбоносното „да“


Гламурозна вечер во Њу Орлеанс. Серена Вилијамс и официјално стапи во брак со еден од основачите на Редит, Алексис Охенијан. Свадбената церемонија, според „Дејли Мејл“, чинела еден милион евра, се одржа во Њу Орлеанс и претставува една од најголемите венчавки во 2017 година. Американските медиуми, пак, пишуваат дека настанот во Центарот за современа уметност бил причина …

Свадба од милиони долари: Серена Вилијамс го кажа судбоносното „да“ Read More »

Фудбал: Шкендија со три бода од Кратово, Вардар пукна „петарда“ во Тетово


Шкендија ја задржа предноста од 11 бода на врвот на табелата во однос на Вардар по мечевите од 15. коло од домашниот фудбалски шампионат. Тетовци попладнево, како гости, го совладаа Силекс со 2:0 со головите на Стенио Жуниор во 50 минута и на Бесарт Ибраими во 74. Со три бода од гости се враќаат и …

Фудбал: Шкендија со три бода од Кратово, Вардар пукна „петарда“ во Тетово Read More »

Радичевиќ: Играта во одбрана ќе биде клучна за успех против Тирингер


Ракометарките на Вардар утревечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ го дочекуваат составот на Тирингер во последното коло од прелиминарната групна фаза во Лигата на шампиони. Желбата е единствена, се однесува на триумф за задржување на максималниот ефект по шест одиграни кола и пренесување на осум бода во вториот круг. „Црвено-црните“ се фаворитки, го …

Радичевиќ: Играта во одбрана ќе биде клучна за успех против Тирингер Read More »

НБА лига: Атланта го декласира Сакраменто со 46 коша разлика


Сакраменто го доживеа најубедливиот пораз во историјата на франшизата во НБА лигата. Атланта ги совлада „кралевите“ со неверојатни 46 коша разлика (126:80) што, пак, е за два поена повеќе од досегашниот рекорд на „јастребите“ кои во 1965 година го декласираа Балтимор со 141:97, а со истиот резултат и Детроит во 1994 година. Прво лице на …

НБА лига: Атланта го декласира Сакраменто со 46 коша разлика Read More »

Италија остана без селектор, фудбалската федерација му врачи отказ на Вентура


Италијанската фудбалска федерација ја прекина соработката со Џанпјеро Вентура. Отказот за досегашниот селектор на „азурите“ дојде како логична последица на елиминацијата од Шведска во баражот за Светското првенство во 2018 година. Како главни кандидати за наследници на Вентура се споменуваат Карло Анчелоти кој е моментно без ангажман, потоа тренерот на Зенит од Санкт Петербург, Роберто …

Италија остана без селектор, фудбалската федерација му врачи отказ на Вентура Read More »

Бостон ја нанижа 13. победа во НБА лигата


Кошаркарите на Бостон ја прославија и 13. победа во низа во НБА лигата. Селтикси овојпат славеа на гостувањето кај Бруклин со 109:102. Нивни предводник беше Кајри Ирвинг со 25 поени, дабл-дабл ефект (21 поен/10 скока) постигна Маркус Морис. Прв стрелец во поразената екипа беше Џо Херис со 19 коша. Торонто го доби шутерското шоу со …

Бостон ја нанижа 13. победа во НБА лигата Read More »

Македонија (У21) убедливо поразена од Австрија во Скопје во квалификациите за ЕП 2019


Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево во Скопје загубија од Австрија со 0:4. Стрелци на головите за гостинската селекција беа Јакуповиќ во 12 минута и во 54., Хонсак погоди во 26., а десет …

Македонија (У21) убедливо поразена од Австрија во Скопје во квалификациите за ЕП 2019 Read More »