Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ


Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч. Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко. „Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната …

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ Read More »

Пливачите на Бета со осум медали од Крагуевац и од Трст


Пливачите од клубот Бета освоија осум медали на меѓународните настапи во Србија и во Италија. Од пливачите кои настапија на „Куп Крагуевац“, Сара Анастасовска освои прво место во дисциплината 50 метри грбно и трето место во дисциплината 200 метри слободно додека Ана Жабокова освои трето место во дисциплината 50 метри грбно. Од пливачите кои настапија …

Пливачите на Бета со осум медали од Крагуевац и од Трст Read More »

Баерн М. без Алкантара на подолг рок


Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиго Алкантара се повреди во синоќешниот натпревар со Андерлехт во Лигата на шампиони и го очекува подолга пауза. „Алкантара има сериозна повреда на мускул и веројатно го чека пауза од неколку месеци“, соопшти Баерн М. Во тешката победа над Андерлехт (2:1) се повреди и Арјен Робен, но тој веројатно нема долго …

Баерн М. без Алкантара на подолг рок Read More »

НБА лига: Крај на победничката низа на Бостон


Мајами е екипата што му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа селтикси со 104:98. Клучната предност Мајами ја оствари уште во првата четвртина која заврши 27:16. Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами. Во поразениот состав се …

НБА лига: Крај на победничката низа на Бостон Read More »

ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции


Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76 место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец. Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0). На …

ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции Read More »

Рекордер: Ибрахимовиќ со седум различни екипи во Лигата на шампиони


Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ стана првиот играч што настапил за седум различни екипи во Лигата на шампиони. Ибрахимовиќ влезе во историјата на елитното натпреварување, откако синоќа настапи за Манчестер јунајтед на гостувањето во Швајцарија против Базел. Јунајтед го загуби дуелот со 1:0, а Ибрахимовиќ ги одигра последните дваесетина минути. Швеѓанецот претходно во ЛШ играше …

Рекордер: Ибрахимовиќ со седум различни екипи во Лигата на шампиони Read More »

Ван дер Варт потпиша за индонезиски Бали јунајтед


Рафаел ван дер Варт (34), кој своевремено настапуваше за Реал Мадрид и за Тотенхем, се сели во Индонезија во екипата на Бали јунајтед, јавуваат тамошните медиуми. Холандскиот интернационалец заминува на далечниот Исток од дански Митјиланд со кој се раздели на шест месеци пред истек на соработката. Ван дер Варт важеше за еден од најталентираните фудбалери …

Ван дер Варт потпиша за индонезиски Бали јунајтед Read More »

Кој е Ли Јонгхонг, кинескиот бизнисмен што му изброја 750 милиони евра на Берлускони за Милан?


Мирот што Кинезот Ли Јонгхонг требаше да го внесе во Милан со преземање на клубот од Силвио Берлускони траеше кратко. Многумина во април помислија дека е дојден крај на турбуленциите на „Сан Сиро“, дека „росонерите“ влегуваат во помирни води и дека етапно ќе се вратат на старите, трофејни патеки. Но, како одминува времето, се поткопува …

Кој е Ли Јонгхонг, кинескиот бизнисмен што му изброја 750 милиони евра на Берлускони за Милан? Read More »

Се враќа на клупскиот фудбал: Халилхоџиќ си оди од Јапонија по СП 2018


Вахид Халилхоџиќ најави дека планира да се врати во клупскиот фудбал. Во гостување на француското радио „Франс 3“, искусниот тренер изјави дека ќе замине од кормилото на репрезентацијата на Јапонија по Светското првенство во 2018 година, а како негова потенцијална дестинација се споменува Лил кој оваа сезона го очекува борба за опстанок во Лига 1. …

Се враќа на клупскиот фудбал: Халилхоџиќ си оди од Јапонија по СП 2018 Read More »

Австралија остана без селектор: Постекоглу ги напушти „кенгурите“


Селекторот на фудбалската репрезентација на Австралија, Енџи Постекоглу (52) објави дека ја напушта функцијата и дека нема да биде предводник на „кенгурите“ на Светското првенство во 2018 година. Постекоглу го презеде кормилото на австралискиот национален тим во мај во 2014 година, а разделбата доаѓа по само една недела од успешно минатиот бараж со Хондурас за …

Австралија остана без селектор: Постекоглу ги напушти „кенгурите“ Read More »

Формула 1: Вилијамс ќе го тестира Кубица во Абу Даби


Роберт Кубица (32) ќе биде тест возач на тестирањата на Вилијамс во Абу Даби претстојниот викенд. Но, покрај тестирање на болид, полскиот пилот ќе биде на тест и за можноста дали би можел повторно да вози во Формула 1 по тешката повреда на раката. Кубица е надвор од „летечкиот циркус“ од 2011 година по незгодата …

Формула 1: Вилијамс ќе го тестира Кубица во Абу Даби Read More »

Бекер: Не се чувствувам Германец, сакам да бидам погребан на Вимблдон


Борис Бекер, кој денеска го слави 50 роденден, со интересна изјава за британските медиуми. Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ јавно истакна дека не се чувствува како Германец и дека не сака да се враќа во земјата во која е роден. „Имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Веројатно никогаш нема да се вратам …

Бекер: Не се чувствувам Германец, сакам да бидам погребан на Вимблдон Read More »

Фудбал, ЛШ: Роналдо урна три рекорди, Ливерпул прокоцка 0:3, Бешикташ за историја


Кристијано Роналдо е централна фигура на вечерта во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Португалецот реализира два погодока во убедливата победа на Реал Мадрид против АПОЕЛ со 6:0 и притоа урна три рекорди за амортизирање на критиките во последно време што се однесуваа на неговиот голгетерски пост. Со двете реализации на стадионот „ГСП“ во Никозија, тој …

Фудбал, ЛШ: Роналдо урна три рекорди, Ливерпул прокоцка 0:3, Бешикташ за историја Read More »

Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места


Фудбалската Лига на шампиони влегува во завршна фаза. По паузата за репрезентативни активности продолжува престижното натпреварување на УЕФА со денешните осум средби во групите Е, Ф, Г и Х. Внимание привлекуваат неколку од нив од причина што дел од екипите би можеле уште вечерва да се промовираат како осминафиналисти. Ова особено важи за Шахтјор и …

Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места Read More »

Трансфер во најава: Реал М. во јануари Алексис Санчез?


Реал Мадрид се приклучи на Манчестер сити и на ПСЖ во трка за најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез. Шпанскиот весник „Дон Балон“ тврди дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да чека до крајот на сезоната за потпис на Чилеанецот и ќе се обиде да го донесе во јануари за сума од …

Трансфер во најава: Реал М. во јануари Алексис Санчез? Read More »

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година


Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година. Потврда за обновување на соработката со крилниот напаѓач на македонската репрезентација стигна и од кипарскиот прволигаш во чии редови останува и Французинот Флоријан Тулеме. „Клубот функционира како едно големо семејство и воопшто не беше тешко при носење на одлуката за останување“, изјави меѓудругото Тричковски …

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година Read More »

Карло Тавекио ја напушти претседателската фотелја во фудбалската федерација на Италија


Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) остана и без претседател. Соочен со силниот притисок во домашната јавност по неуспехот на репрезентацијата да се пласира на мундијалот во Русија, Карло Тавекио (74) поднесе оставка на функцијата. Од истата причина претходно оставка поднесе и селекторот Џанпјеро Вентура кој спогодбено го раскина договорот со ФИГЦ за што доби и …

Карло Тавекио ја напушти претседателската фотелја во фудбалската федерација на Италија Read More »

Кошарка: Македонската репрезентација почна со подготовки за претквалификациите за ЕП 2021


Кошаркарската репрезентација на Македонија почна со подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. На првиот тренинг се појавија 15 играчи: Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Искусните Ѓорѓи Чековски и …

Кошарка: Македонската репрезентација почна со подготовки за претквалификациите за ЕП 2021 Read More »

„Старата дама“ сопната во Џенова: Сампдорија го порази Јувентус


Јувентус го претрпе вториот пораз во сезоната во Серија А. Сампдорија во Џенова ја совлада „старата дама“ со 3:2 како најава за неизвесна трка за врвот на табелата до крај на сезоната. Сит пет погодоци на „Луиџи Ферарис“ беа постигнати во второто полувреме. Од 52 минута до 79 минута домашните успеаја трипати да го совладаат …

„Старата дама“ сопната во Џенова: Сампдорија го порази Јувентус Read More »

Фудбал, Прва лига: Шкендија го почести Скопје со четири гола, хет-трик на Ферхан Хасани


Шкендија не дозволи опуштање и луксуз ниту против Скопје во меч од 16 коло во македонскиот фудбалски шампионат. Вицепрвакот попладнево беше убедлив на домашен терен против фенерџијата на табелата со 4:0 и моментно е со 13 бода пред Вардар на врвот на табелата. Хет-трик за тетовци на „Еколог арена“ прослави Ферхан Хасани. Капитенот на „црвено-црните“ …

Фудбал, Прва лига: Шкендија го почести Скопје со четири гола, хет-трик на Ферхан Хасани Read More »