Трет случај во Косово


Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката на лица носители на смртоносниот вирус се зголеми на три, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата на вонредна прес-конференција ја објави министерот за здравство на Косово Арбен Витиа, наведувајќи дека новооткриениот случај е член на семејството на 77-годишниот маж, кој …

Трет случај во Косово Read More »

Што се ни е потребно за 14 дена самоизолација?


Најлошото нешто што можете да го направите за време на глобалната пандемија е непотребно да складирате храна, средства за дезинфекција и козметички препарати за убавина во вашиот дом. Размислете за тоа – ако неколкумина ги купат сите средства за дезинфекција, како останатите ќе ја задржат хигиената на телото и просторот за живеење? Во време кога …

Што се ни е потребно за 14 дена самоизолација? Read More »

Епл повторно ги отвори сите продавници во Кина


Епл официјално ги отвори сите свои продавници во Кина, кои беа затворени поради епидемијата на коронавирус. Како што јавува Би-Би-Си, од вчера, сите продавници на „Епл“ се отворени, 42 од нив, иако некои имаат скратено работно време. Продавниците се затворени од средината на февруари, бидејќи Кина стави во карантин неколку градови во земјата во обид …

Епл повторно ги отвори сите продавници во Кина Read More »

Косово ги затвора кафулињата и трговските центри, го прекинува јавниот превоз, од 16 март и авиолиниите


Владата на Косово по вечерашната вонредна седница, на која ја разгледа ситуацијата во земјата во врска со коронавирусот, одлучи од утре да се затворат кафулињата, сточните и авто-пазарите и трговските центри, а од понеделник, 16 март, да се прекинат и сите авиолинии во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти, по вонредната …

Косово ги затвора кафулињата и трговските центри, го прекинува јавниот превоз, од 16 март и авиолиниите Read More »

Прва жртва од корона во Луксембург


Првиот смртен случај од новиот коронавирус е регистриран денеска во Луксембург, изјави министерот за здравство Полет Ленерт. Во земјата вкупно се потврдени 34 заразени лица од Ковид-19. Властите воведоа рестриктивни мерки, затворени се училиштата и градинките, времено се забранети посети во домовите за стари лица

Националната гарда на САД испраќа помош во шест држави поради кризата со коронавирусот


Националната гарда на САД ќе распореди илјада војници во шест сојузни држави, како дел од напорите на федералната Влада да одговори на предизвиците од коронавирусот. Војниците треба да бидат распоредени до крајот на денот во Флорида, Ајова, Луизијана, Њујорк, Роуд Ајленд и Вашингтон. Националната гарда на САД служи како национална координативна агенција кога некоја држава …

Националната гарда на САД испраќа помош во шест држави поради кризата со коронавирусот Read More »

Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија


Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж. „Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија. Црна Гора е единствената од Европа која засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и …

Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија Read More »

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус


Информативната служба на Градот Загреб соопшти дека од коронавирус е заразено едно дете во градинка во хрватскиот главен град. Градинката ќе биде затворена 14 дена, а 119 деца и шеснаесет вработени ќе бидат во самоизолација. Родителите, чии деца ја посетувале градинката, во моментот се известуваат за мерките кои се должни да ги преземат. Во Хрватска …

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус Read More »

Интензивно чистење на улици во Карпош


Утринава, цистерните на локалната самоуправа ги миеја локалните улици низ Карпош 3, а се чистеше и околу контејнерите, со машините под висок притисок т.н. вапови. Овие активности се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици и населби. Сепак, активностите за редовно миење на улиците продолжуваат …

Интензивно чистење на улици во Карпош Read More »

Микробилогот кој ја открил еболата за коронавирусот: Ковид – 19 е многу полош?


Професор Питер Пиот, еден од водечките светски микробиолози, изјави дека новиот вирус е многу поопасен од еболата. Пиот кој во 1976 година ја открил еболата, за Ковид-19 кажал дека е поопасен затоа што многу лесно се шири. -За да се заразите со ебола, мора да имате исклучително близок контакт со заразената личност, Луѓето многу се …

Микробилогот кој ја открил еболата за коронавирусот: Ковид – 19 е многу полош? Read More »

Скратено работно време на билетарниците на ЈСП


Од сабота (14.03.2020 год), билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот. И оваа одлука, како и останатите кои ЈСП Скопје ги донесе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, ќе важи во наредниот период, до идните препораки. Ги потсетуваме корисниците на …

Скратено работно време на билетарниците на ЈСП Read More »

Американските банки подготвени да им помогнат на малите компании


Луѓе од врвот на американскиот банкарски систем се сретнаа во Белата куќа со претседателот Доналд Трамп, а нивната порака на средба била дека американските банки се доволно силни и подготвени да им помогнат на малите компании и на граѓаните доколку продолжи ширењето на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Првите луѓе на „Американ банк“ , на „Голдман …

Американските банки подготвени да им помогнат на малите компании Read More »

Сончево и топло со температура до 23 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура  ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и топло. Највисоката температура ќе достигне до 21 степен.

Кино Милениум и МКЦ ги откажаа настаните до 24 март


Градското кино Милениум и Младинскиот културен ценар согласно препораките на Владата нема да има никакви настани до 24 март.Одговорните лица во двете институции нагласиија дека дополнително ќе информираат за нови термини согласно развојот на ситуацијата со корона вирусот. Во меѓувреме откажани се речиси сите јавни собири особено во затворен простор.

Главните служби во Вухан се враќаат на работа


Главните служби во Вухан, епицентарот на новиот коронавирус, повторно ќе почнат да работат, соопшти денеска Владата на централната кинеска провинција Хубеи. Ова се однесува на клучните сектори, како што се јавниот превоз, производителите на медицинска опрема и основните продукти за живот. Производителите кои имаат влијание врз кинеските и глобалните синџири на снабдување, исто така можат …

Главните служби во Вухан се враќаат на работа Read More »

Цената на нафтата во слободен пад


Азиските берзи потонаа утрово, откако цените на нафтата се во слободен пад како резултат на стравувањата дека глобалната економија, ослабена од вирусна епидемија, може да биде презаситена со залихи од гориво. Токискиот референтен индекс се намали за 6,2 проценти, додека во Сиднеј падна за 6,1 проценти. Сеул потона 4,4 проценти, а Хонг Конг изгуби 3,9 …

Цената на нафтата во слободен пад Read More »

Филипче: Нема нови тестирани лица за корона вирус – апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето


Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на редовната прес конференција за состојбата со корона вирусот, информираше дека во текот на изминатото деноноќие нема нови тестирани лица за корона вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. „Стабилна е состојбата на пациентката, која е прв и единствен случај со корона вирус во земјава и како …

Филипче: Нема нови тестирани лица за корона вирус – апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето Read More »

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово


Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020. – Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на …

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово Read More »

Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри


Зaболекар од индиската сојузна држава Мадја-Прадеш тврди дека на еден пациент му извадил заб со должина од 39 милиметри. Се чини, тоа е нов рекорд. Просечната должина на човечките заби е околу два сантиметра. Гинисовата книга на рекорди, пак, во овој миг вели дека досега најдолгиот заб бил долг 3,72 сантиметра, отстранет од германскиот заболекар …

Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри Read More »

Facebook со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи


За да се овозможи вистински дијалог и да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот, преземени се  мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето.  Во јуни направени алатки за транспарентност кои се …

Facebook со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи Read More »