Бројот на заболени во светот надмина милион


Бројот на заболени со новиот коронавирус во светот надмина еден милион. Најголем број заболени има во САД, Италија и Шпанија. Во земјава вчера се регистрирани нови 30 случаи со што бројката на заболени е 384 лица. Надлежните го очекуваат пикот кон крајот на април, а покрај веќе преземените мерки, од следната недела во целосна функција …

Бројот на заболени во светот надмина милион Read More »

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура …

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени Read More »

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно


Намерно или ненамерно уништување на мелничката индустрија, една од малкуте што работи во моментов, што дава плати и плаќа придонеси и даноци. Вака млинарите ја оценуваат владината Одлука со која се забрани покачување на цената на основните производи, односно се наложи тие да останат до нивото на кое биле заклучно со 11 март годинава. Според …

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно Read More »

Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија


Сега преминуваме од здравствена на економско-социјална криза. Граѓаните ја чувствуваат и навистина се загрижени, изјави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, предупредувајќи дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се распадне Милано. Тој истакна дека во Милано и околината моментно има околу 10.000 заразени лица со коронавирус, а само во градот се околу …

Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија Read More »

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен …

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија Read More »

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба


Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една …

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба Read More »

Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде


Кинескиот град Шенжен го забрани јадењето кучиња и мачки, како дел од справувањето со трговијата со диви животни уште од доаѓањето на новиот коронавирус. Научниците се сомневаат дека коронавирусот бил пренесен на луѓето од животни. Некои од најраните инфекции биле пронајдени кај луѓе изложени на пазарот за животински свет во центарот на Вухан, каде биле …

Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде Read More »

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати


Свечените литургии за време на неделата пред Велигден, во црквите ќе се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати, одлучи Светиот синод на Грчката православна црква по вчерашниот повеќечасовен состанокот одржан телеконференциски и ги повика сите да се придржуваат кон „упатствата на здравствените власти и научниците и да не бидат …

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати Read More »

Корона вирусот стигна и во Амазонија


Жена од домородските племиња кои живеат длабоко во прашумите на Амазон е заразена од новиот вирус. Тоа е прв случај регистриран во повеќе од 300 племиња во Бразил, изјави  министерот за здравство Сесаи во средата. „Жена на возраст од 20 години од племето Кокама е позитивно тестирана за вирусот во близина на границата со Колумбија“, …

Корона вирусот стигна и во Амазонија Read More »

Заострени мерките во Вашингтон, Мериленд и Вирџинија


Американските сојузни ддржави Вашингтон, Мериленд и Вирџинија воведоа поригорозни мерки со цел да ја сузбијата пандемијата од новиот коронавирус на територијата на САД. Мерката предвидува граѓаните да не ги напуштаат домовите, но во исто време не им е забрането да одат во продавници по основните прехранбени и медицински артикли, како и да се рекреираат. Со …

Заострени мерките во Вашингтон, Мериленд и Вирџинија Read More »

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција


„Алкалоид“ АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки. Од компанијата апелираат купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде …

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција Read More »

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19


Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен. Тајван ќе испрати седум милиони маски во 11 европски земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Германија, кои имаат најголем број на случаи, потврди за ДПА тајванското Министерство за надворешни работи. САД ќе добијат …

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19 Read More »

Тестови за КОВИД 19 се вршат во пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија


Министерството за здравство соопшти дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Идадија. Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта и тоа во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција …

Тестови за КОВИД 19 се вршат во пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија Read More »

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР. Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не …

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени Read More »

Коронавирусот ги разорува светските берзи, „избришани“ 15 билиони долари


Земјотресот на светските пазари на капитал и стоки, заради пандемијата на коронавирусот, трае веќе три месеци и ја предизвика, веројатно, најразурнувачката распродажба на активи уште од Големата депресија. Бројките се запрепастувачки, наведуваат британските медиуми. На светските берзи се „избришани“ 15 билиони долари во вредност на акции, цената на нафтата опадна за 60 отсто, а пазарите …

Коронавирусот ги разорува светските берзи, „избришани“ 15 билиони долари Read More »

Повеќе од еден месец од првиот случај со Ковид 19 во земјава


Помина нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот. Оттогаш бројката секојдневно расте така што според последните податоци потврдени се 259 случаи на коронавирус во земјава, шест смртни случаи и тројца излекувани. Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувано, но добро е …

Повеќе од еден месец од првиот случај со Ковид 19 во земјава Read More »

МВР од денеска ќе ги доставува личните карти и возачките дозволи на домашна адреса


Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се …

МВР од денеска ќе ги доставува личните карти и возачките дозволи на домашна адреса Read More »

Сончево и топло со температура до 19 степени, од среда заладување


Сончево време со максимална температура до 19 степени ќе преовладува денеска во земјава. Попладне се очекува зголемување на облачноста и според најавите на синоптичарите ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од од -1 до пет степени, а максималната ќе биде во …

Сончево и топло со температура до 19 степени, од среда заладување Read More »

Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница


Директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена поради случајот со 66-годишната жена од Струга, која почина од коронавирус, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. -Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре …

Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница Read More »

Италијански кардиолог кој го преживеа вирусот – Ноќе ми беше најтешко


Лекарите и медицинските сестри во римската болница „Касалпалоко“ тивко се движат низ пациентите кои лежат беспомошно во креветите опкружени со апарати што им мерат витални знаци. Медицинскиот персонал строго се придржува кон протоколите за безбедност. Секој е од глава до пети е во заштитна облека, со заштитни раквици,  маски и заштитни очила. Медицинските сестри редовно …

Италијански кардиолог кој го преживеа вирусот – Ноќе ми беше најтешко Read More »