Ги прати по сендвичи


ГОРАН АДАМОВСКИ Најдоцна до понеделник министерот Оливер Спасовски треба да ја формира работната група за спроведување на процесот на ветинг за вработените во Министерството за внатрешни работи. Во неа ќе учествуваат најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието. Тие ќе имаат улога на набљудувачи на процесот. Ветингот, или процесот за прочистување, за жал, е …

Ги прати по сендвичи Read More »

Интелектуалците ѝ го обелија образот на Софија


ГОРАН АДАМОВСКИ Во деновите кога Македонија го прославуваше Денот на народното востание во 1941 година против фашистичкиот окупатор, Бугарија ни испрати нови услови што мора да ги исполниме за да добиеме зелено светло во процесот на преговори со Европската Унија. Земјата што влезе во Унијата во 2007 година, иако заедно со Романија ни од далеку …

Интелектуалците ѝ го обелија образот на Софија Read More »

Независните со СДСМ: Зајакнување на мнозинството или порака до Ахмети?


Чекајќи ги вестите од Брисел, политичките партии во земјава се подготвуваат за периодот што ќе настапи по (не)добивањето на датумот за старт на преговорите со Европската Унија. Опозицијата бара веднаш да бидат организирани предвремени парламентарни избори, без оглед каков ќе биде исходот од самитот, додека владејачките партии засега ја одбиваат таквата можност инсистирајќи на гласање …

Независните со СДСМ: Зајакнување на мнозинството или порака до Ахмети? Read More »

Јанева е подобро, се враќа во Шутка


Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба значително ѝ се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше примена во прединфарктна состојба. Сепак, сѐ уште е неизвесно дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворот „Скопје“, затоа …

Јанева е подобро, се враќа во Шутка Read More »

Детали за страотната сообраќајка кај Струмица: Загина 19-годишна девојка


Деветнаесетгодишна девојка од Струмица загина во сообраќајната несреќа што се случи утрово, во 04 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш. Во близина на селото Радичево, дошло до судир меѓу „фолсваген шаран“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.Д. (31) од Струмица и товарно моторно возило „даф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т (44) …

Детали за страотната сообраќајка кај Струмица: Загина 19-годишна девојка Read More »

Македонија на гости кај Полска: Респект за домаќинот, но играме за историја


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски пред денешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека не е важно против кого играме, туку за што играме. – Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а …

Македонија на гости кај Полска: Респект за домаќинот, но играме за историја Read More »

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 часот до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се …

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје Read More »

Еден загинат во сообраќајка кај Струмица


Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4.20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица. Во несреќата учествувале камион марка „ДАФ“ и автомобил „Шаран“. Во извлекувањето на загинатиот и повредениот од автомобилот учествувале шестмина пожарникари и едно …

Еден загинат во сообраќајка кај Струмица Read More »

Вмровско збогување со Никола без да го повредат


Експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Најавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека во новиот статут ќе нема место за титулата „почесен претседател“, всушност, нема да го чепнат денешниот азилант во Унгарија бидејќи ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател. За тоа одлучува исклучиво највисокото …

Вмровско збогување со Никола без да го повредат Read More »

Што бараше Теута Арифи во Њујорк?


На официјалната интернет-страница на Општина Тетово нема никаква вест за посетата на градоначалничката Теута Арифи во Њујорк. Веројатно, никој немаше да дознае за неа доколку не излезеше фотографијата на премиерот Зоран Заев заедно со Срѓан Керим на вечера по покана на тетовската компанија „Еколог“ и претходно таа на виенскиот аеродром. Од Владата потврдија дека станувало …

Што бараше Теута Арифи во Њујорк? Read More »

Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО


Експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Најавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека во новиот статут ќе нема место за титулата „почесен претседател“, всушност, нема да го чепнат денешниот азилант во Унгарија, бидејќи ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател. Тоа е право исклучиво на …

Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО Read More »

Функционер меѓу осомничените за криминал со Боки 13


Пет физички лица и едно правно лице се осомничени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за контроверзиите околу „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски алијас Боки 13. Меѓу нив е и функционер од власта, кој го искористил својот углед и авторитет за оштетените да стекнат впечаток дека зад понудените …

Функционер меѓу осомничените за криминал со Боки 13 Read More »

Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим


Неодамнешната фотографија од Њујорк, на која премиерот Зоран Заев е на вечера заедно со Срѓан Керим, предизвика бура во јавноста бидејќи станува збор за човек што беше исклучително близок со поранешната власт на Никола Груевски и личност против која се водеше постапка за финансиски злоупотреби во МПМ, кое ги издаваше и ги згасна „Утрински весник“, …

Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим Read More »

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката …

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи Read More »

Активен и во науката: Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски


Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата. Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два …

Активен и во науката: Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски Read More »

Бузаку: Имам докази дека Реџепи ги злоупотреби парите на верниците


Се заострува битката за челната позиција во Исламската верска заедница. Поглаварот Сулејман Реџепи одбива да се повлече по ултиматумот што му го постави Скендер Бузаку, одговарајќи оти не сака да се занимава со гејови. Од друга страна, претендентот за водечкото место во ИВЗ најавува дека „понудата“ до Реџепи важи заклучно до денеска во 11.30 часот, …

Бузаку: Имам докази дека Реџепи ги злоупотреби парите на верниците Read More »

Силјановска, Кедев, Дурловски и Борко Ристовски во тимот на Мицкоски


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, докторот Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски и ракометниот голман Борко Ристовски ќе бидат дел од новофофмираниот тим на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија задача ќе биде да помогнат во „обновата на Македонија“. „Македонија живее тешко секојдневие, народот живее сиромашно, со проблеми и систем кој не функционира. Животот во Македонија е …

Силјановска, Кедев, Дурловски и Борко Ристовски во тимот на Мицкоски Read More »

Дали независните пратеници ќе прават партија: Ќе бидеме поактивни


Независната пратеничка група планира да ги засили своите активности во наредниот период. Тие најавуваат дека ќе бидат многу погласни во клучниот период за земјава, пред влегувањето во НАТО и евентуалното започнување на преговорите со Брисел за членство во Европската Унија, но и преку зачестени акции на терен ќе ги доближуваат своите ставови до граѓаните. Осумтемина …

Дали независните пратеници ќе прават партија: Ќе бидеме поактивни Read More »

Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот


МЗТ Скопје против Слобода од Тузла ја отвора сезоната во кошаркарската АБА2 лига. Откако лани несреќно загубија од Задар и не успеаја да се пласираат во најелитното клупско регионално натпреварување, аеродромци ќе се обидат годинава да ја освојат второлигашката конкуренција. Сепак, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Свесни се за тоа …

Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот Read More »

(Видео) Ја запроси на стадион, а таа не го ни погледна


На дербито од фудбалскиот шампионат на Албанија меѓу Тирана и Партизани „падна“ барање за брак, но помина прилично неславно. Навивач на гостинскиот тим се симна од трибините, клекна и ја отвори кутијата со прстен пред атрактивната новинарка Геа Браха. Таа, за жал, не го ни погледна, сконцетрирајќи се на работата. Имено, таа во секој момент …

(Видео) Ја запроси на стадион, а таа не го ни погледна Read More »