Coca-Cola го купува српски „Бамби“


Компанијата Coca-Cola HBC AG почна процес за аквизиција на водечката српска кондиторска компанија „Бамби“ од фондот Мид Европа Партнерс во вредност од 260 милиони евра, пренесе „Блиц“. Конечниот договор ќе биде дефиниран низ завршните усогласувања, а аквизицијата останува подложна на вообичаените услови и одобренија на надлежните органи, поради што се очекува самиот процес да биде …

Coca-Cola го купува српски „Бамби“ Read More »

Шарлиз Терон конечно откри дали е во врска со Бред Пит


На почетокот на месецов медиумите пишуваа дека актерите Шарлиз Терон и Бред Пит се во тајна врска. Иако, многумина веќе ги прогласија за најубава двојка во Холивуд, изгледа вестите кои се појавија подоцна, дека тие не се во врска, се точни. Шарлиз гостуваше во емисија кај Елен Деџенерис каде потврди дека во моментот е сама …

Шарлиз Терон конечно откри дали е во врска со Бред Пит Read More »

На повидок нова дипломатска „војна“: Израел наспроти Полска


Полски официјални претставници би можеле да го откажат планираното патување во Израел поради изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за вмешаност на Полска во Холокаустот. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки одлучи вчера да го откаже патувањето во Израел и да го замени министерот за надворешни работи Јацек Чапутович. Меѓутоа, сега би можела да биде откажана посетата …

На повидок нова дипломатска „војна“: Израел наспроти Полска Read More »

Четири лица исчезнати на грчкиот остров Крит


Повеќе од 24 часа трае потрагата на спасувачките екипи и противпожарната служба за пронаоѓање на четири лица на грчкиот остров Крит кои исчезнаа во саботата, откако нивното возило било повлечено од надојдена река, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово во потрагата, освен 40 пожарникари, биле вклучени и нуркачи за пронаоѓање на автомобилот и …

Четири лица исчезнати на грчкиот остров Крит Read More »

На Французите им е доста


Французите повеќе не ги поддржуваат протестите на движењето „Жолти елеци“ и сакаат тие да престанат, покажува истражување кое го објави весникот „Журнал ди диманш“. Од почетокот на протестите, „Жолтите елеци“ се повеќе ја губат поддршката од населението, и сега дури 52 отсто смета дека протестите треба да престанат. Во јануари, на пример, само 37 отсто …

На Французите им е доста Read More »

Промоција на новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести


Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, денес е промовиран новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти” во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR. Песната е посветена на Децата со ретки болести и е снимена во студиото „Китрозон”. Музиката е на Јовица Каралиевски, …

Промоција на новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести Read More »

Србите и Хрватите купуваат во соседството


Се повеќе купувачи од регионот, а посебно од Хрватска и Србија набавуваат производи во продавниците на Босна и Херцеговина. Минатата година странски државјани на излезот од БиХ поднесоа повеќе од 400.000 барања за поврат на данок на додадена вредност. Дури 55.000 повеќе од 2017 година, пишува „Политика“. Враќање пари, според прописите на оваа земја, се …

Србите и Хрватите купуваат во соседството Read More »

Прегазено 11-годишно девојче во Велес


Девојче на возраст од 11 години, се здобило со тешки телесни повреди, откако автомобил налетал на неа во Велес. Во неделата, околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди …

Прегазено 11-годишно девојче во Велес Read More »

Експлозии во Доњецк: Две одекнале во близина на хотел во кој се наоѓа ОБСЕ


Три експлозии одекнале во Доњецк, од кои две биле во близина на хотелот во кој се наоѓа мисијата на ОБСЕ. Официјален претставник на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ изјави дека се случиле три експлозии и моментно се врши истрага. Според првичните информации, нема повредени лица. Претставникот истакна дека експлозиите се резултат на напади од украински дронови. …

Експлозии во Доњецк: Две одекнале во близина на хотел во кој се наоѓа ОБСЕ Read More »

Земјата оптоварена со секс реши да поработи на имиџот


Во Јапонија два водечки синџири супермаркети ќе ги тргнат магазините за возрасни од полиците, заради претстојното светско првенство во рагби, а и заради олимписките игри. Додека Јапонија се занимава со ревизија на својот јавен имиџ, предвидувајќи рекордна година која се во прашање туристичките бројки, маркетите поминуваат низ сопствен процес на прочистување. Имено, маркетите „Севен-елевен“ и …

Земјата оптоварена со секс реши да поработи на имиџот Read More »

Почина и музичарот кој го возел Шабан Шаулиќ?


Во тешката сообраќајна несреќа во Германија во која настрада фолк пејачот Шабан Шаулиќ, од последиците од здобиените повреди почина и музичарот Мирсад Кериќ(43). Со ваква информација излегоа дел од српските медиуми утрово, но неговиот син тврди дека информацијата не е точна. „Информацијата од медицинската сестра, фала Богу, не е точна. Штотуку добивме информација дека состојбата …

Почина и музичарот кој го возел Шабан Шаулиќ? Read More »

Американски сенатор вети истрага за обидот за административен удар врз Трамп


Истакнат републикански сенатор во неделата вети истрага за наводите на поранешниот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, Род Розенштајн, разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата во 2017 година. -Постои тврдење на тогашниот привремениот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, всушност, се обидувал да изведе административен удар, да го собори претседателот …

Американски сенатор вети истрага за обидот за административен удар врз Трамп Read More »

Јубилеј: Прилепскиот театар одбележува 69 години


Со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечер од 19:30 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи 69- годишнината од постоењето. Точно на денешен ден 1950 година е одиграна првата претстава на театарот – „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Во претставата „Пиреј“ игра речиси …

Јубилеј: Прилепскиот театар одбележува 69 години Read More »

Премиер на Австралија: Странска влада стои зад кибер нападот


Кибер нападот врз австралискиот Парламент, со кој е извршен упад во мрежите на клучните политички партии, најверојатно го извршила странска влада, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, но не го именува „осомничениот“. -Нашите кибер експерти верувааат дека софистициран државен актер е одговорен за оваа злонамерна активност. Исто така, дознавме дека  со нападот се погодени и …

Премиер на Австралија: Странска влада стои зад кибер нападот Read More »

Глен Клоуз: Нема да плачам ако не освојам Оскар


Американската актерка Глен Клоуз, која годинава ја доби седмата номинација за престижниот Оскар, изјави дека се надева на наградата, но и дека нема да плаче ако не победи. Таа овојпат е номинирана за најдобра женска улога, за филмот „The Wife“. Глумицата во изјавата натаму додава и дека не би сакала да добие Оскар од сожалување …

Глен Клоуз: Нема да плачам ако не освојам Оскар Read More »

Игор Јосифов: Фасциниран сум од руската култура и почитта кон уметноста


Македонскиот уметник Игор Јосифов штотуку се врати од Калининград, Русија кадешто поставуваше изложба со своите дела и изведуваше и перформанс. На покана на Националниот центар за современа уметност во Калининград, на 7 февруари  се отвори изложбата „#Простокосмос“ каде што Игор ја претстави инсталацијата со стaклени скулптури насловена „Разјаснување/Парчиња стакло“, во рамките на музејската изложба „Симпли …

Игор Јосифов: Фасциниран сум од руската култура и почитта кон уметноста Read More »

Шокантна појава на Лил Ким по повеќе пластични операции


Светски познатата раперка Лил Ким се појави на една ревија во текот на неделата на мода во Њујорк и шокираше со својот изглед. Позната како голема зависничка од пластични операции, самоповиканата кралица на рапот покажа на кој начин таа зависност се одрази на нејзиниот изглед. Некогашните фотографии јасно докажуваат колку 44-годишната Ким се промени, а …

Шокантна појава на Лил Ким по повеќе пластични операции Read More »

Викторија Бекам со нова козметичка линија


Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија Модната козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал. – Сакам да се грижам за жените, како за нивната надворешност, така и за внатрешната убавина, така што ќе ги снабдам со потребните шминки, производи за кожа, аромати и витамини, за …

Викторија Бекам со нова козметичка линија Read More »

Што има на рацете неизмиени 10 години?


Миењето раце не е бон тон, туку морал. Дали знаете што се може да се најде на нив ако не ги измиете десет години? Рацете се најголем пренесувач на заразни болести, вели професорот Вал Куртис од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, а меѓу бактериите кои се задржуваат на рацете ги наведува салмонелата, ешерихија …

Што има на рацете неизмиени 10 години? Read More »

Во Москва уапсени неколкумина директори на Баринг Восток, меѓу нив двајца странци


Основачот на инвестициската компанија „Баринг Восток”, Американецот Мајкл Калви, беше уапсен во Москва. Освен Калви кој беше уапсен вчера, денеска се уапсени се и партнерите во „Баринг Восток“ Ваан Абгарјан и Французот Филип Депал. Во рамки на случајот уапсен е и Иван Зузин, директор на инвестиции во „Баринг Восток Капитал Партнерс“, независна компанија за приватен капитал, …

Во Москва уапсени неколкумина директори на Баринг Восток, меѓу нив двајца странци Read More »