Бучавата станува сериозен проблем – никој не се справува со неа


Вознемиреност, нарушување на спиењето, кардиоваскуларни болести, пречки во говорната комуникација, а кај децата нарушувања на интелектуалните функции, како што се намалена меморија, намалено внимание, учење. Тоа се последиците што може да ги предизвика зголеменото ниво на бучава. За сите овие наоди постојат силни научни докази, но сепак, во Скопје, Тетово, Куманово и во Битола измерени …

Бучавата станува сериозен проблем – никој не се справува со неа Read More »

Сијарто: Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја


Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време, изјави министерот за надворешни работи и трговија на …

Сијарто: Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја Read More »

Го купија сето пиво за да спречат одржување фестивал


Жителите на германскиот град Острица на многу необичен начин решија да се спротивстават на одржување на фестивал во овој град. Противниците на неонацистичкиот фестивал во овој источногермански град во саботата на необичен начин организираа протест. Имено, тие го купија сето пиво од продавничките во местото. Оваа акција следеше откако полицијата забрани алкохол на екстремно-десниот фестивал …

Го купија сето пиво за да спречат одржување фестивал Read More »

(ФОТО) Стоилов го излечи коленото – се враќа во топ-форма


Капитенот на европскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов, комплетно подготвен ќе ги пречека подготовките за новата сезона со оглед на тоа дека кружниот напаѓач одлично закрепнува по операцијата на коленото. „Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на Вардар на денешниот контролен преглед нѝ откри дека се чувствува …

(ФОТО) Стоилов го излечи коленото – се враќа во топ-форма Read More »

Отворено писмо од универзитетски професори: Дефектолозите не смеат да се исклучуваат од наставата


Според новиот Закон за основно образование, специјалниот едукатор и рехабилитатор (дефектолог) ќе биде само член на стручен тим во училиштата. Тој нема да може да изведува настава како досега во посебните основни училишта и паралелки. Во истото училиште специјалниот едукатор и рехабилитатор нема да може да работи ниту во ресурсниот центар. Учениците со умерена и …

Отворено писмо од универзитетски професори: Дефектолозите не смеат да се исклучуваат од наставата Read More »

Бизнисмените од туристичката дејност бараат осигурување на аранжманот


Бизнисмените од туристичката дејност бараат побрзо донесување на измените на Законот за туристичка дејност со кои се надеваат дека ќе се стави ред во туристичката дејност и на граѓаните ќе им се нудат сигурни патувања. Се надеваат дека до летово ќе имаат законско решение кое ќе биде во интерес и на граѓаните и на туристичките …

Бизнисмените од туристичката дејност бараат осигурување на аранжманот Read More »

Манчевски: Со Законот за високо раководна служба до целосна деполитизација на јавниот сектор


Влегуваме во реализација на сериозни проекти. Првиот е реорганизација и оптимизација на институциите на системот, тоа значи воведување ред на хаосот што со децении бил создаван во институциите, и втората работа е создавање крупни чекори кон целосна деполитизација на јавниот сектор, а тоа е Законот за високо раководна служба, изјави министерот за информатичко општество и …

Манчевски: Со Законот за високо раководна служба до целосна деполитизација на јавниот сектор Read More »

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид


Исклучена е гинеколошка компликација кај родилката од Охрид, која пред неколку дена почина на скопските клиники. Ова го соопшти денеска Јавната здравствена установа Општа болница Охрид по направената мултидисциплинарна ревизија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. – На 11 јуни во 4 часот на Гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка прворотка со …

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид Read More »

Нема да се одржи предизборната ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии


Телевизиската дебата на претседателите на СИРИЗА, Нова демократија, Движење на промена, Комунистичката партија и Сојуз на централисти, закажана за 1 јули, нема да се одржи бидејќи претставниците на грчките партии не успеаја да се договорат за нов термин, откако претходно одредениот, потребно беше да се смени поради вонредниот самит на ЕУ на 30 јуни, јави …

Нема да се одржи предизборната ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии Read More »

Градоначалникот на Чачак фати разбојник дома


Во семејната куќа на градоначалникот на Чачак Милун Тодоровиќ во соседна Србија, рано утрово влегол повеќекратен разбојник. „Околу 4 часот утрово ме разбуди сопругата, која ми рече дека нешто тропа во приземјето. Мислев дека е промаја и дека тропа некој прозорец, но штом дојдов на скалите слушнав превртување работи и дишење на човек’. вели за …

Градоначалникот на Чачак фати разбојник дома Read More »

Бектеши во Шведска: Ние сме атрактивна дестинација со големи инвестициски можности


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре престојува во работна посета на Кралството Шведска каде што учествува на Министерска конференција во организација на шведското Министерство за надворешни работи и на Европската комисија. Тој ги претстави стратешките проекти и можностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред шведската бизнис заедница, со посебен фокус на ЕУ …

Бектеши во Шведска: Ние сме атрактивна дестинација со големи инвестициски можности Read More »

Казахстан: Се евакуираат 44.000 жители по експлозии во воена база


Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, со 44.000 жители по серијата експлозии во блиското складиште за муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Експлозии чија причина не е позната се случија во воената база во Арис. Министерството нагласува дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат за 10 лица со …

Казахстан: Се евакуираат 44.000 жители по експлозии во воена база Read More »

Поскапуваат и бензинот и дизелот


Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР. Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се …

Поскапуваат и бензинот и дизелот Read More »

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Јапонија


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел на Јапонија утрово, објави јапонската Метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Чиба, во близина на главниот град Токио. Не е објавена тревога за цунами. Земјотресот бил со јачина од 4 во јапонска скала, што се движи од …

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Јапонија Read More »

Почина маж пригмечен од неговиот камион


Во неделата, во 12.30 часот било пријавено дека во село Скудриње, починал И.Е.(57) од село Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен …

Почина маж пригмечен од неговиот камион Read More »

Монструм: Додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши


Двајца сведоци за случајот „Монструм“ не беа спроведени во Кривичниот суд, а полицијата не го известила судот зошто не се спроведени, па рочиштето се одложи. Ова предизвика револт кај родителите на убиените момчиња кои станаа и почнаа да викаат дека судството и полицијата се несериозни и случајот постојано се одолговлекува. Горан Наќевски, татко на убиениот …

Монструм: Додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши Read More »

Притвор за велешанец кој со нож се заканувал на нотар


    Велешанец доби осумдневен притвор бидејќи во неколку наврати преку социјална мрежа упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци, а на 21-ви овој месец и лично отишол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож. -Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое …

Притвор за велешанец кој со нож се заканувал на нотар Read More »

Димитров: Без одлука за преговори во октомври, ќе мора да признаеме дека немаме европска перспектива


– Немаме процес ако земја го испорача тоа што треба, а доколку ЕУ не го препознае прогресот и не даде дозвола само за да го започнеме патувањето – рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на Министерската конференција за Западен Балкан во Стокхолом. -Во 2009 ни рекоа рано е, во 2010 ни рекоа рано е, …

Димитров: Без одлука за преговори во октомври, ќе мора да признаеме дека немаме европска перспектива Read More »

Смртта на Морси: Како Каиро го контролираше наративот


Каиро – Ако египетските дневни весници се единствениот извор на вести, можеби ќе се разбудевте во вторникот за да откриете дека еден граѓанин со име Мухамед Морси ал-Ајат починал вчерашниот ден за време на судското сослушување за обвиненијата за шпионажа. Всушност, навидум незабележливиот 67-годишник е првиот демократски избран, цивилен претседател на Египет. Високиот член на …

Смртта на Морси: Како Каиро го контролираше наративот Read More »

Австриски експерти: Илегални мигранти бегаат од Балканот


Илјадници имигранти се обидуваат моментно да избегаат од Балканот, каде што ситуацијата е тешка поради преполните кампови и заради криминал меѓу илегалните имигранти, предупреди шефот на Одделот за борба против трговијата со луѓе во австриската Криминалистичка служба Гералд Тацгерн. Тацггерн истакнува дека трговците со луѓе пренесуваат се повеќе мигранти во камиони, па може да се …

Австриски експерти: Илегални мигранти бегаат од Балканот Read More »