Средба Заев – Касами за поддршка на уставните измени


Премиерот Зоран Заев попладне во 16 часот во неговиот кабинет ќе има средба со лидерот на БЕСА Билал Касами во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени, потврдија за МИА од владината прес-служба. Заев вчера изјави дека ќе стори се да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, …

Средба Заев – Касами за поддршка на уставните измени Read More »

Заев најави повисок минималец, Синдикатот за усогласување со просечната плата


Годинава ќе се зголеми минималната плата. Веста ја кажа премиерот Зоран Заев, но детали не даде. Неофицијално, на Економско-социјалниот совет било предложено минималната плата да се усогласува соодветно на растот на БДП, зголемувањето на просечната плата и зголемувањето на потрошувачката кошничка. Она што со овој предлог останува проблематично е што, во тој случај, би се …

Заев најави повисок минималец, Синдикатот за усогласување со просечната плата Read More »

Во Њујорк рекордно намален бројот на убиства


САД– Во Њујорк во текот на 2018 година се извршени рекордно мал број убиства, соопштија полициските служби. Во најголемиот американски град во 2018 година се регистрирани 289 убиства, што претставува еден отсто помалку од минатата година и е најниското ниво од 50-те години на минатиот век. Бројот на убиства е намален за 45 отсто во …

Во Њујорк рекордно намален бројот на убиства Read More »

Почнува сезоната на награди во Холивуд: В недела „Златен глобус 2019“


САД- Во недела ќе се одржи првото доделување на награди во Холивуд, 76-та церемонија на доделување на Златните глобуси за 2019, за ТВ шоуа и филмови, во хотелот „Беверли Хилтон“ на Беверли Хилс. Водители се актерите Сандра Ох, добитничка на Златен глобус во 2006 година и  и Енди Самберг , добитник на два Златни глобуса. …

Почнува сезоната на награди во Холивуд: В недела „Златен глобус 2019“ Read More »

Во 2019 година три затемнувања на Сонцето и две на Месечината


Оваа година не очекуваат три затемнувања на Сонцето и две на Месечината. За жал, затемнувањата на Сонцето нема да можат да се видат од нашиот регион. Првиот спектакл на небото се очекува на 6 јануари кога ќе се случи делумно затемнување на Сонцето, а следните два се целосни, на 2 јули и на 26 декември. …

Во 2019 година три затемнувања на Сонцето и две на Месечината Read More »

Министерот Адеми на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера


Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.   Од Министерството за култура соопштија дека Адеми, заедно со претставници на Министерството овој ексклузивен настан го проследил на лична покана од директорот на Виенската …

Министерот Адеми на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера Read More »

Балканот зафатен од студен бран


Од североисточнит дел на Европа на Балканот вчера пристигна студен бран кој ќе се задржи пет дена, а на социјалните мрежи се објавуваат фотографии од снег кој ноќеска паѓал во голем дел на регионот. Во поголемиот дел на Бугарија денеска се очекува ветар со брзина и поголема од 30 метри во секунда, како и обилни …

Балканот зафатен од студен бран Read More »

Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018.


 „Ако не постои утре“ и „Девојката од Бруклин“ од Гијом Мисо и „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година. КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ја објави листата на 20-те најпродавани книги во 2018 година. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо. Четврта година по …

Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018. Read More »

Празниците ги испразнија улиците: Работат само оние што мораат


Главниот град, во кој живее речиси половина Македонија и кој вообичаено е преполн, за овие новогодишни и божикните празници е невообичаено празен. Главната честитка на социјалните мрежи за дополнителниот слободен ден што им го даде Владата на административците беше: „Среќен 2 јануари на сите што се од административна вероисповед“. Владата препорача и приватниот сектор да …

Празниците ги испразнија улиците: Работат само оние што мораат Read More »

Ненси Пелоси нов претседател на Претставничкиот дом на САД


САД– Претставничкиот дом на САД на денешната конститутивна седница за свој нов претседател ја избра демократката Ненси Пелоси. За изборот на Пелоси гласаа 220 конгресмени во 435-члениот Долен дом на американскиот Конгрес. Ова ќе биде втор мандат на 78-годишната Пелоси на местото прв човек на Претставничкиот дом, откако на оваа функција беше и од јануари …

Ненси Пелоси нов претседател на Претставничкиот дом на САД Read More »

Попоски како Пленковиќ, ама Мицкоски не е Карамарко


Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски вчера не сакаше да ги коментира шпекулациите дека го мерка лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ. Тој, наводно, не бил во земјава за новогодишните празници, а и онака ретко се појавува во јавноста, па дури и во Собранието, каде што е пратеник. Приврзаниците на Попоски ќе речат дека неговите чести …

Попоски како Пленковиќ, ама Мицкоски не е Карамарко Read More »

Лондонските аеродроми нарачаа воена опрема за заштита од дронови


Англија– Лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ нарачаа воена опрема за заштита од дронови, вредна неколку милиони фунти, откако неодамна се случија инциденти со овие беспилотни летала, поради што воздушниот сообраќај во неколку наврати беше во прекин, објави „Тајмс“. Весникот наведува дека министерот за сообраќај Крис Грејлинг во врска со тоа прашање разговарал со раководството на …

Лондонските аеродроми нарачаа воена опрема за заштита од дронови Read More »

На Попова Шапка минус 15 степени, Маврово со 56 сантиметри снежна покривка


Минус 15 степени се измерени изутринава на Попова Шапка, а минус 12 во Маврово и Крушево. Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР. Снежната покривка во Маврови Анови изнесува 56 сантиметри, 26 во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе… Според …

На Попова Шапка минус 15 степени, Маврово со 56 сантиметри снежна покривка Read More »

Поефикасен и побрз транспорт во 2019. со нова патна инфраструктура


Во транспортниот сектор во Македонија во новата година  се ветени конкретни резултати во изградба на нови патишта, пруги, летови што ќе обезбеди поефикасно и побрзо поврзување за граѓаните и бизнисот. Нови автопати и експресни патишта Во патната инфраструктура се очекува завршување на автопатот Миладиновци – Штип и интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, почетни активности …

Поефикасен и побрз транспорт во 2019. со нова патна инфраструктура Read More »

Студено, со температурата под нулата


Студено време со температури што на повеќе места ќе се задржат под нула, најавуваат метеоролозите за денеска. Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи од …

Студено, со температурата под нулата Read More »

„27 април“: Од 33 обвинети процесот продолжува на 15 јануари со 18 лица


Судскиот  процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува на 15 јануари, но сега против вкупно 18 лица. Најголемиот судски предмет за „крвавиот четврток“ во Собранието, започна во август минатата година против 33 лица обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“, а согласно Законот за амнестија за …

„27 април“: Од 33 обвинети процесот продолжува на 15 јануари со 18 лица Read More »

Остатоци од снег на коловозите и забрани за камиони кај Маврово и Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата …

Остатоци од снег на коловозите и забрани за камиони кај Маврово и Стража Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Со Марс во вашиот знак се залагате за поголема независност во односите, но внимавајте да не си играте со чувствата на луѓето и избегнувајте фриволно однесување – сепак овде не сме на натпревар. Стиснете ја устата од време на време и не ризикувајте со неодговорно поведение. Дури и на работното поле. БИК: Посветете им се со …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »