Приштина: ЗСО што ќе ја формираат Српска листа нема да има легитимитет

Во првата реакција на најавата на Српска листа дека ќе ја формираат Заедницата на српски општини, од косовската Влада соопштија дека тој орган нема да има легитимитет.

– Заедницата е обврска која Косово ја презеде во процесот на Бриселскиот дијалог и која ќе биде реализирана во блиска иднина. Ниту една иницијатива која не е занована на закони и демократски процедури на Република Косово, нема да се применува ниту да се почитува, објавија косовски медиуми пренесувајќи став на Владата.

Формирањето на ЗСО е обврска што ја презедоа косовските власти со потпишување на Бриселскиот договор пред пет години и до денес не е реализирана, додека Белград своите обврски од тој договор, ги исполни, јави Танјуг. Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ најави формриање на ЗСО на 20 април.