Виена протестира против Владата

Виена протестира против Владата
Неколку илјади лица учествуваа денеска на демонстрации во Виена против учеството на екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) во австриската Влада.

Протестот, организиран од неколку невладини организации, беше помасовен од собирот одржан минатиот месец при полгањето заклетва на лидерот на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), Себастијан Курц на позицијата канцелар на Австрија.

Демонстрантите се собраа пред главната железничка станица во Виена, од каде во придружба на околку 1.000 полицијаци, се упатија кон централниот виенски плоштад Халденплац.

Според организарторите, на протестот учествувале над 20.000 лица, кои носеа трнспаретнти против Владата и „јакнењето на десницата во Австрија“.

Споделување со вашите пријатели: